• Latest

Зелени вредности?

August 25, 2020

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелени вредности?

Како можеме да управуваме со човечките општества, а да не сме разбрале дека сме дел од природата, а не сме над неа, ниту ја поседуваме.

August 25, 2020 10:47
in АНАЛИЗИ, ЗЕЛЕНИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МЕРИТА МАКСУТИ

Тргнувајќи од мојот домен како архитект  и активист за животна средина, би можела да се фокусирам на исклучиво сродните теми на мојата професионална и активистичка позадина како што се урбанистичко уредување, зелени згради , зелени кровови, енергетска ефикасност, но тоа би се однесувало само на еден сегмент  на овие вредности кои се  комплексен сублимат на вредности и заради тоа сакам да се осврнам кон  однесувањата кои се подлабоки од една професионална фокусирана статија.

Овие вредности произлегуваат од потребата на една индивидуа за пошироко разбирање на сите феномени кои се поврзани со нашето животно опкружување, животна средина во најшироката смисла на зборот еколошка, социолошка, културолошка и политичка.

Проблемите со животна средина не можат да се решаваат без подлабоко разбирање на етичките принципи на донесување на важните одлуки во животот на современото општество. Јас ќе се обидам за почеток малку да загребам на површината на оваа комплексна мисла и пристап.

Зелени вредности? Знаеме ли навистина што значат, како се стекнуваат, учат, како и каде се применуваат, зошто се применуваат и зошто не? Да, многу прашања околу концепт кој всушност во превод, најпросто кажано, е стил на животот со високо ниво на свесност на припадност со посебна и здрава ментална матрица на размислување и делување. Познат во развиениот свет, применлив и најмногу присутен во скандинавските и земјите со високо ниво на свесност кон колективното, и  кои, патем речено се последен бастион и  модел за отвореност, вистинска демократија и прогрес. За да се постигне горе наведеното, клучна е потребата на култивирање на здрави лични односи од најрана возраст почнувајќи од градинка, во однос учител-ученик,  родител-дете, работодавач-вработен, политичар – граѓанин, па зошто да не и верски лидер-верник, сите се клучните во приоретизирање на овој сет на  вредности.

Истите се рефлектираат не само во животната средина како екосистем, туку многу пошироко поопсежно, во образованието, финансиите, претприемништвото, градежништвото, урбанизмот, уметноста… всушност, нашиот однос кон нас самите, нашето здравје,  образование, стабилност и сигурност. За да можам да кажам дека ги негувам и подржувам овие вредности пред сè, треба да го живеам секој сегмент од животот применувајќи ги.

Со оваа лична рефлексија  сакам самата  себеси, па и  пошироката јавност да ја потсетам дека немаме друг начин, но да го смениме начинот! Основните зелени вредности се исклучително важни во исполнувањето на еколошките, социјалните и економските предизвици на денешницата па така не ни останува друг излез но да почнеме да размислуваме глобално и да аплицираме локално, па и  регионално. Проблемот на одржлив развој на општествата веќе не е на некој си таму, туку ТВОЈ, НАШИОТ не сме веќе амнестирани од одговорноста зошто последиците и ние ги чувствуваме.

Културата на однесување и односот кон се што “не е мое”, треба под итно да се смени. Но да се смени односот, промената треба да се случи во нас, и да излеземе од физичка и ментална комфорна зона и да почне да ме засега секој сегмент на општеството кој не чини. Тешко? Е па ќе биде уште потешко кога ќе стане предоцна. Многу е битно, на пример, како се комуницира со јавноста и како се пренесуваат на пример последиците од Глобалното затоплување, што всушност ќе значи покачување на температурата  за 2 Целзиусови степени, сигурно не попригодна клима, туку поплави од незамисливи размери, енормни миграции и преместување на цели градови.

Затоа, можеби излитената фраза, но уште актуелна за овој проблем, е дека промените треба да се случуваат на индивидуално ниво, пред сè и со личен пример. Многу е битен еколошкиот идентитет на секој од нас и патем кажано ништо без целисходна работа на мантрата која треба да се повторува и применува секојдневно: почитувај, учи, информирај се, реагирај, учествувај, активирај се, рециклирај, повторно употреби, не троши вода без потреба, сади, грижи се, чекори, биди одговорен, рамноправен, не се ставај над другите… итн.

Како можеме да управуваме со човечките општества, а да не сме разбрале дека сме дел од природата, а не сме над неа, ниту ја поседуваме.  Сè повеќе станува јасно дека човечкото однесување е директно поврзано со негативните ефекти на природата загадување на воздухот, водата, намалување на биодиверзитетот. Затоа треба и да го проучуваме и да го промовираме однесувањето кон животна средина. И затоа, во овој контекст сакам да спомнам дека приоретизирање на алтруистичко и биосферично однесување е клучот на промената.

Сите ќе се сложиме дека сакаме добар животен стандард, благосостојба, здравје ( сега повеќе од кога било), еколошка разноликост, колективна виталност, добро владеење,  културна разноликост  и образование, кои се всушност и домените од каде се мери Индексот на Среќата и Индексот на Човечки Развој ( Human Development Index- HDI), и за илустрација, кога сме веќе на оваа под-тема, Северна Македонија е рангирана на 82 место во 2019 од 189 од целиот свет. На ова треба да се поработи сериозно.

А за политичкото делување и институционална застапеност низ примери и делување, во некој друг текст со други аргументи!


Анализата е дел од проектот „Зелените доаѓаат“  што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ