• Latest

Ангеловска-Бежоска: Не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци

September 28, 2020
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци

September 28, 2020 11:15
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

За оваа и за наредната година, па и среден рок не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци, оценува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

„Во услови на проектиран пад на економската активност во оваа година, не се очекуваат инфлациски притисоци предизвикани од страна на побарувачката. Оттаму, централната банка, со априлските проекции, за оваа година проектираше инфлација од околу 0 проценти, а потоа постепен раст на цените кој што би достигнал до 2 проценти на среден рок. Значи зборуваме за умерена, ниска и стабилна инфлација. Ако ги погледнеме остварувањата за првите осум месеци од оваа година, инфлацијата во просек е 0, проценти, со позитивен придонес кај цените на храната, а при негативен придонес на цените на енергентите, во услови на голем пад на цените на енергентите на светските берзи, особено на цените на нафтата. Оттука, за оваа, па и за наредната година и на среден рок не би требало да има позначајни инфлациски притисоци“, вели Ангеловска-Бежоска во интервју за Македонската телевизија.

Во однос на економската активност, гувернерката истакна дека остварувањата на македонската економија во вториот квартал од оваа година се согласно со очекувањата на Народната банка.

„Многу е битно што ќе се случува понатаму. Не само од здравствен аспект, туку битни се и случувањата кај економиите коишто се трговски партнери на нашата економијата, како и ефективноста на макроекономските политики во ублажувањето на негативните ефекти од ковид-кризата“, укажува Ангеловска-Бежоска.

Таа се осврна и на пристапот до девизна ликвидност во евра, којшто на Народната банка ѝ е овозможен преку посебен инструмент на Европската централна банка и е исклучително значаен, бидејќи подразбира брз пристап до ликвидност во евра доколку е потребно. Тековно, каматната стапка за користење на средствата овозможени од ЕЦБ е 0 проценти.

„Ова остава простор и за порелаксирана монетарна политика, којашто секако дава значаен придонес во одржување поповолни финансиски услови – монетарна политика којашто помага за кредитна поддршка и за населението, и за компаниите, и овозможува кредитирањето да се остварува под поволни финансиски услови“, напомена Ангеловска-Бежоска.

Во услови на солиден раст на депозитите коишто претставуваат главен извор за финансирање на кредитите, како што посочи гувернерката, продолжува трендот и на солиден кредитен раст при поголема фокусираност на банките кон корпоративниот сектор.

„Притоа, нема затегнување на каматните услови, наспроти затегнувањето на странските финансиски пазари – просечната каматна стапка на кредитите, оваа година продолжува да следи умерена надолна траекторија“, вели Ангеловска-Бежоска.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ