• Latest

Берлин е за старт на преговорите до крајот на годинава

October 2, 2020
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Берлин е за старт на преговорите до крајот на годинава

October 2, 2020 09:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Германија, актуелниот претседавач со ЕУ, очекува до крајот на годинава да биде одржана првата Меѓувладина конференција и да почнат пристапните преговори со С.Македонија. Според официјален Берлин, земјата ги исполни условите и затоа треба што побрзо да ги почне преговорите со ЕУ, пренесува МИА.

– Во својство на претседавач со Советот за општи работи, гордо изјавувам дека планираме да започнеме со организација на првата Меѓувладина конференција и да ги започнеме пристапните преговори со Северна Македонија. Прилично сме оптимистични дека можеме да започнеме со пристапните преговори пред крајот на нашето претседавање. Во моментов имаме многу плодна и позитивна дискусија со другите земји членки на ЕУ, која треба да заврши со договор за рамката за пристапните преговори, изјави германскиот министер за Европа Михаел Рот по вчерашната средба со министерот за европски прашања Никола Димитров.

Северна Македонија, според него, ги исполни условите и сега е вистинско време ЕУ да испорача и да ги отвори преговорите што е можно побргу.

Порака и потврда дека официјален Берлин го поддржува почетокот на преговорите на Северна  Македонија со ЕУ до крајот на годината, дојде и од шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

За дополнителните услови што ги поставува Бугарија, Мас вели дека решенија за отворените прашања треба да се бараат на билатерално ниво и оти е оптимист дека овие прашања во скоро време ќе бидат затворени.

– Што се однесува до јазикот, до името тоа се многу детални преговори кои што се одвиваат. Тоа се прашања кои што билатерално мора да се решат меѓу Северна Македонија и Бугарија. Тие се обидуваат да изнајдат решение и тоа го поддржуваме да биде што е можно побрзо за да може да се продолжи со пристапниот процес за Северна Македонија бидејќи таа веќе долго чека на тоа. Преспанскиот договор е нешто историско што беше постигнато во Северна Македонија и затоа сум оптимист дека прашањата кои што се отворени во догледно време ќе можат да бидат решени. Меѓутоа за тоа потребни се понатамошни разговори кои ќе треба да се одржуваат како на ниво на ЕУ исто така и помеѓу Северна Македонија и Бугарија, рече Мас.

Оптимисти дека германското претседавање со ЕУ и 2020 ќе бидат запаметени како успешни за македонската евроинтеграција, се министерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– За успешно заокружување на годината, по одлуката во март, потребна е уште една значајна одлука која што ќе го отвори патот кон конечно остварување и на втората стратешка цел – полноправно членство во Европската Унија. Со пријател како Германија на чело на Унијата, заедничкиот успех е на дофат, вели  Димитров.

Османи, пак, смета дека претседателството на Германија со ЕУ нуди неповторлива и неодминлива шанса земјава да започне со исполнување на вториот важен државен стратешки приоритет – членството во ЕУ, покрај членството во НАТО што го остваривме оваа година.

Османи следната недела ќе оди во посета на Бугарија во обид да се најде решение за условите што ги поставува Буграрија за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ.

Неговата бугарска колешка Екатерина Захриева вчера изјави дека добрососедските односи се основен услов и критериум за членство во ЕУ и тое не е нешто што ги измислила Софија.

– Северна Македонија мора да го почитува и да го спроведува Договорот за пријателство и добрососедство што го потпишавме. Гоце Делчев е едно од многуте прашања што треба да се решат. Ние инсистираме на добрососедство, што не е критериум за членство што го измисли Бугарија, туку е европски – што треба да се набљудува  за време на целата преговарачка рамка, ја пренесува БГНЕС изјавата на бугарската вицепремиерка.

На прашањето за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ, Захариева не одговотетно, посочувајќи оти се уште трае процесот на дискутирање на преговарачката рамка во европските работни групи.

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ