• Latest

Поцков: Европските вредности ми се поблиски отколку национализмот

October 5, 2020

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Поцков: Европските вредности ми се поблиски отколку национализмот

October 5, 2020 12:37
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува дека европските вредности му се поблиски од национализмот. Тој зборува и за тоа како Општината се справува со ковид-кризата, и кои се неговите очекувања за следните локални избори.

Која е Вашата оценка за политичките состојби и процеси по предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули?

Во време на пандемија, акцентот е ставен на преживување и ако состојбата во државата е тешка, во Гевгелија е уште потешка, затоа што кога била ситуацијата добра, во Гевгелија било најдобро. Тоа е судбината на сите гранични места, таква е местоположбата на Гевгелија и таква е структурата на економијата во градот, ги нема Грците – замрено е сè. Во Гевгелија околу 50 посто од парите што се слеваат во буџетот на локалната економија се од граѓаните на соседна Република Грција, нив ги нема и тоа се чувствува, локалниот економски развој е тесно поврзан со сето тоа. Живееме во време на пандемија кога цел свет го тересе, последниот економски пакет мерки на владата беше борба за секое работно место да се зачува, бидејки се уште сме во фаза на преживување и во битка со пандемијата. Дел од мерките се за пост-ковид кризата, и се надевам дека во здравствениот дел со ковид кризата ќе биде надминат до следната година напраолет, секако не сум експерт но тие се моите очекувања, или ќе се навикнеме да живееме како секојдневие со ковид кзизата. Се надевам дека ќе дојде до подобрување и ќе почнеме да размислуваме за ширење на бизниси, не јас како локален гавермент туку реалниот економски сектор и економските оператори и сето тоа значи колку се тие побогати толку е побогата Општината.

Од почетокот на идната година би требало да дојде до подобрување и да не заборавиме дека сепак со секоја тешкотија во исто време значи и можност. Сега е време за претприемачите да креираат нови можности на база на сегашниот амбиент со ковид кризата… Сега има нови платформи, ИТ секторот сега предначи и се преилагодуваат на ситуацијата и се надевам дека и нашите претприемачи ќе осетат дека во секоја криза има можност за почеток на нешто ново, да го зграпчат тоа и да го применат во пракаса, а тоа ќе значи побогата Општина, држава и побогато население и подобар стандард за сите нас, живот за сите во Македонија.

До локалните избори има околу една година. Кои се Вашите прогнози?

Сметам дека најголем дел од градоначалниците одлично ја спреведуваат работата, во оваа 2020 година има застој, зборувам за Општина Гевгелија заради ковид кризата. Државата имаше пакет мерки, но и Општината имаше пакет мерки како што се намалување на комуналиите, намалување на плаќање на користење на јавна површина, тоа е се планиран приход од претходните години, но оваа година иако го планиравме во буџетот сепак се откажавме од тоа, а пакетот вредеше околу 85 илјади евра. Јас се водам според тоа да се опуштиме „колку ни е долга чергата, толку да ги пуштиме нозете“, односно не влегуваме во нешто ако немаме реални шанси да го платиме иако сме го планирале. Се надевам дека идната година ситуацијата ќе биде подобра бидејќи имам уште 3-4 крупни капитални проекти кои до идната година секако ќе бидат отпочнати, но не знам дали ќе имаме време да ги реализираме или ќе биде после локалните избори. Мојата политичка проценка е дека ВМРО-ДПМНЕ цело време опструираше на сите битни прашања кои се од суштинско значење за Р.С. Македонија а народот тоа го препознава и ќе го препознае. Народот препознава од моето работење и работата на претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, сега има друг концепт, друг пристап, фирмите и бизнис секторот тоа знаат да го препознаат. Општината ја затекнав со 143 милиони денари долг, сега Општината не им должи ништо на фирмите, должи само кон комуналното претпријатие. Имаме целосно друг концепт на работа, финансиски стабилна Општина се со цел да покажеме дека не сме сите исти, иако некој се труди упорно да прикаже дека сите сме исти, за жал затекнавме многу лоша ситуација и тоа не чини многу време и многу пари, но тек ќе биде видливо и ќе се осети бенефит од таа работа.

Крупни проекти – да, ама јас не сакам да направам крупен проект и да ја задолжувам Гевгелија, а и да сакам нема да можам бидејќи Општината е кредитно задолжена до тој плафон што ниту една банка нема да даде кредит. Значи ние мора да го вратиме стариот кредит, па да земеме нов кредит, а тоа не е резултат на моето работење, тоа е од работата на мојот претходник. Одредени работи и да сакаме да ги правиме нема да можеме бидејќи си има закони, економска логика и банкарски сектор кој си владее по сопствени закони.

Гледам дека сите градоначалници кои се грото од СДСМ, се активни на терен, ги слушаат граѓаните, има доста градежни офанзиви, помага и централната власт. Можам да ви кажам дека за 3 години мандат добивме 2 милиони евра од централната власт за локални инфраструктурни проекти. Тоа се сè регионални патишта, но не ги користат жителите од Скопје туку тие патишта ги користат жителите од Гевгелија, тоа е паралелниот пат од Прдејци до Смоквица, потоа имаме од Миравци до Милетково и од Гевгелија до Негорци кое е второто најголемо населено место. Тоа се пари преку Јавното претприатие за државни патишта, денар не ја чинат Општината а бенефитот го осеќаат граѓаните на општина Гевгелија.

Имавме акција од 60 милиони денари, со 50 милиони евра што ги пласираше Владата за помош на Општините за отпис на долговите. Постои таа конекција меѓу централната и локалната власт и јас сум задоволен од сето тоа и сметам дека СДСМ во следните локални избори, можеби не во толкав број, но со сигурност ќе биде победник токму заради тие две причини дека градоначалниците и центраната власт се справија успешно со проблемите и народот тоа го препозна, и отсуството на ВМРО-ДПМНЕ како политичка опозиција во клучните прашања да нема став за ниедна работа и да подгрева одредени национални теми кои се веќе минато и треба да бидат историја, водилка треба да ни биде иднината, односно што ќе оставиме за идните поколенија.

Сашо Поцков, градоначалникот на Општина Гевгелија

Како локалната самоуправа во Гевгелија се подготвува за интеграција во ЕУ? Колку и на кој начин се почитуваат европските вредности?

Локалната самоуправа се подготвува многу поодамна за интеграција во ЕУ, ќе ви кажам низ примери, ние имаме разни контакти со бизнис елити од странство кои се заинтересирани да градат во Гевгелија, нормално тие бараат и стандарди, тие се Европски стандарди кои веќе ги имаат во своите земји, а ние сме и членка, Гевгелија е членка на југо-исочен регион што граничи со две европски држаави со Република Бугарија и Република Грција. На секои три години има јавни повици за користење на европски пари кои се пласираат преку ИПА програмата преку тие држави. Гевгелија постојано добива вакви проекти и секогаш има бенефит. Тие се проекти од 200 до 500 илјади евра кои се грант од ЕУ кои се евалуирани и контрлоирани од европски претставници. Сега сме во фаза на реализација на гранд од КФВ банка од Германија од 2.5 милиони евра и исто се бараат меѓународни стандарди, меѓународни тендери, и преку сите тие донации ние сме добитници во сите тие ситуации.

Европските вредности ми се поблиски отколку национализмот. Гевгелија е проевропски настроена и мислам дека со отпочнување на преговорите со ЕУ, се надевам дека до крај на декември со претседателството на Германија, сакале не сакале ќе мора да ги применуваме тие европски вредности, принципи, бидејќи сега ни е шансата да направиме држава со сите нишани. Со тоа ќе се спречи ние да не бегаме во Европа да има масовен егзодус на млади, туку Европа да ја донесеме во Македонија, да си останат младите тука да си живеат на своите огништа, а европските вредности што ги има во странство да ги донесеме тука.

Дехран Муратов

камера: Јон Ајдини
монтажа: Ариан Мехмети

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    175 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ