• Latest

Шилегов: Очекувам СДСМ да обезбеди победа и на локалните избори

October 8, 2020
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Шилегов: Очекувам СДСМ да обезбеди победа и на локалните избори

October 8, 2020 16:58
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во поглед на европските перспективи на Северна Македонија, придонесот кон евроинтеграциите на самата општина, како и за очекувањата од локалните избори.

ЦИВИЛ: Која е Вашата оценка за политичките состојби и процеси по предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули?

Шилегов: Не беа нормални изборите, со оглед дека, за жал, веќе ни реалноста не ни е нормална повеќе од половина година. За нас како Социјалдемократски сојуз беше и испраќање на одредени пораки од страна на електоратот, што јас мислам дека и тоа како сериозно ги прифативме и ги аналзиравме . Мислам дека промената во пристапот и начинот на владеење е видлива уште во првиот месец со сè уште неоформена централна власт.

ЦИВИЛ: До локалните избори има околу една година. Кои се Вашите прогнози?

Шилегов: Јас искрено се надевам дека ќе успееме на едно цивилизациско ниво, што значи на државно, да ја стабилизираме здравствената состојба. Тоа, навистина ми е човечка грижа, пред сè. Мораме да го победиме Ковид-19 за да се вратиме во нормала и да разговараме за овие работи кои кога ги гледате ви за ви здравјето се од секундарен карактер, а се неопходни за животот да продолжи да функционира во вакви тешки околности.

Јас мислам дека во добар дел моите колеги ги оправдаа очекувањата за кои што ги добија изборите во 2017 година. Дел од нив можеби и не ги исполнија, но треба да се разбере позицијата на секој од нас кои сме ја прифатиле функцијата градоначалник. Очекувам СДСМ да обезбеди победа и на локалните избори. Овде во Скопје ви гарантирам дека ќе победиме.

ЦИВИЛ: Како Град Скопје се подготвува за интеграција во ЕУ? Колку и на кој начин се почитуваат европските вредности?

Шилегов: Кога предводите институција се обидувате да ги достигнете стандардите за кои што мислите дека се потребни за граѓаните или што на европско ниво консензуално се прифатени дека се потребни на граѓаните. Од тој апсект, мислам дека Градот релативно коректно за овој краток период, имајќи предвид дека наследивме една состојба на целосна девастација на вредности во општеството. Онаму каде што се јавуваме како промотори и како имплементатори, мислам дека ги подигнавме стандардите. Нека е ова и некое мое субјективно размислување, сепак, граѓаните можат да видат.

Ќе дадам неколку примери. Веројатно не е европски стандард бул. Партизански одреди, од Симпо до бензинската Макпетрол да се реконструира 8 ипол месеци. А тоа ни се случуваше со претходната градска управа. Но, европски стандард е од бензиската Макпетрол до мостот Обединети нации, ја реконструирате за 30 дена.

Гледате што ни се случува на влезот на Скопје. каде работиме на делница што е навистина тешка и комплексна поради оптовареноста, а е во должина од 5,3 километри во еден правец и толку во друг правец, влезот е веќе готов, што порано не се случувало ова да се сработи за 20тина дена.

Вклучувањето на граѓаните во носењето одлуки, во конслутации со заедниците на микро ниво на проекти што ги работи Градот, каде што непосредно луѓето што живеат, ги прашуваме, што е тоа што им е потребно и како го имплементираме, е нешто што де факто се случува.

Барањето одговорност од луѓето што јас како градоначалник сум ги именувал и нивното разрешување ако пречекориле некои норми беше мисловна именка во македонското општество е, исто така, имплементација на некои вредности. Секогаш постои простор дека определени работи може да се подобрат. Но, она од што сум јас задоволен е дека за овој краток период успеавме да ја промениме перцепцијата за тоа каква институција е град Скопје. Далеку од тоа дека јас сум задоволен и дека е таа до крај добра. Напротив имаме сериозен простор кај имаме субјективни слабости, не само јас како градоначалник, туку и во администрацијата што можеме да ги подобриме, меѓутоа тенденцијата и трендот на подобрување е нешто што веќе функционира. На крајот граѓаните ќе очекуваат дека било кој да биде градоначалник по локалните избори да продолжи во тој правец со цел да се подобри.

Биљана Јордановска

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ