• Latest

Богоев: Граѓаните ќе бараат вистински мерки за излез од економско – социјалната криза, а не политички надмудрувања и партиски преписки

October 13, 2020

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Богоев: Граѓаните ќе бараат вистински мерки за излез од економско – социјалната криза, а не политички надмудрувања и партиски преписки

October 13, 2020 14:10
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, во интервјуот за ЦИВИЛ Медиа, ја оцени политичката состојба во контекст на пандемијата со Ковид-19 и нашата свесност за последиците од истата. Дополнително, Богоев смета дека деструктивниот пристап кон справување со кризата не му оди никому во прилог.

ЦИВИЛ: Која е Вашата оценка за политичките состојби и процеси по предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули?

Богоев: Факт е дека граѓаните дадоа поддршка за евроатлантските перспективи и продолжување на овој пат. Со фактот што СДСМ и коалицијата „Можеме“ формираше Влада се потврдија успешните политики од изминатите години. Сепак, пред нас е период кога треба да се испорачаат сериозни резултати на полето на економијата, правната држава и образованието. Овој период ќе бара и ангажирање на многу стручни лица од повеќе области, но и учество на опозицијата. Деструктивниот пристап нема да биде опција. Мислам дека уште не сме свесни дека светската пандемија ќе остави последици на долг рок, а економиите како нашата и тоа како ќе бидат погодени. Мора да се подготвуваме и да бидеме сериозни. Затоа што граѓаните нема да следат и нема да бараат политички надмудрувања и партиски преписки туку вистински мерки за да се излезе од економско – социјалната криза предизвикана од вирусот.

ЦИВИЛ: До локалните избори има околу една година. Кои се Вашите прогнози?

Стефан Богоев, градоначалник на Општина Карпош

Богоев: Локалните избори ќе дојдат за час. Сепак, во период на Ковид – 19  криза и голема бројка на заболени луѓе би било невкусно да даваме посериозни прогнози за претстојните локални избори. Јас, можам да ветам дека како градоначалник на Општина Карпош правам и ќе правам сè што можам за да го подигнам квалитетот на живот на граѓаните. Тоа подразбира борба со пандемијата на локално ниво, овозможување безбедно да тече воспитно – образовниот процес во градинките и основните училишта, но и уште проекти за заштита на животната средина, раззеленување, довршување на паркот долж Вардар, обнова на плочникот во Порта Влае, почеток на обнова на „Партизан“ и други проекти.

ЦИВИЛ: Како локалната самоуправа во вашата општина се подготвува за интеграција во ЕУ?

Богоев: Сметам дека Карпош и тоа како се подготвува и веќе применува европски пракси и вредности. Раководам со една од најзадолжените локални самоуправи во државава, но гледам колку е можно тоа да не влијае на развојот на Карпош. Користиме голем дел на средства од Европската унија. Некогаш и мои соработници, пријатели на шега знаат да кажат „живеете од донации и грантови“. И ова го разбирам како пофалба, затоа што треба вештини и знаење да напишеш апликација и да конкурираш за средства или компанија да ја препознае твојата работа и да донира нешто.

За Спортско – адреналинскиот парк (кај спортско – качувачката карпа) добивме грант од ЕУ во износ од 620 илјади евра. Направивме и целосно нова градинка во Бардовци, а Унијата за овој проект учествуваше со 120 илјади евра.

Поддршката од ЕУ во Карпош е многу конкретна и видлива. Најдобра подготовка за интеграцијата претставува продолжувањето на одговорниот пристап и рационалното искористување на средствата. Тоа го гледа и ЕУ и сите други чинители вклучени во процесот на интеграција на земјата.

ЦИВИЛ: Колку и на кој начин се почитуваат европските вредности?

Богоев: Имајќи предвид дека хуманоста и солидарноста се меѓу главните вредности на Европската унија, а и мои лични вредности, како социјалдемократ, сметам дека во нашиот Карпош, меѓу граѓаните се почитуваат овие вредности. Прво, Карпош, Градот Скопје се и изградени како резултат на светската солидарност. „Римска“, „Париска“, „Атинска“, „Московска“, „Осло“, „Њуделхиска“ и многу други имиња на улици на градови, потсетуваат на државите кои помогнале после катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Ние денеска често помагаме и со хуманитарни активности, донираме на соседни земји при природни непогоди и сл.

Сепак, европските пракси и вредности мораат да се почитуваат секојдневно и да се доближат до граѓаните. Карпошани научија што е респонзивност, транспарентност, демократија и граѓанско учество затоа што општината се отвори за нив. Затоа што можат да добијат одговор на поставено прашање или критика, со пополнување на анкетен прашалник да учествуваат во креирање на Буџетот, на дигитален начин преку мобилна апликација да комуницираат со секторите при општината.

Овие вредности, начини на работа се веќе дел од нашето работење на многу конкретен начин. Во претстојниот период ќе се унапредуваат согласно околностите и потребите на граѓаните.

обработка на текст: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ