• Latest
Добро утро со Орданоски

Инаетот не е политичка стратегија

October 14, 2020

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Инаетот не е политичка стратегија

October 14, 2020 07:33
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Повторно една неверојатна дилема во Собранието: во услови на светска пандемија, кога десетици парламенти во светот, меѓу кои и во најстарите демократии, поминаа на можноста работата на пратениците да може да се одвива и со онлајн присуство на седниците на пратениците на собраниските или комисиските расправи, кај нас се отвора бескрајна расправа дали за да се примени тоа практично, иако приинудно технолошко решение, треба да се менува и Уставот на државата?!

Додека Илон Маск напреднато развива програма за колонизирање на Марс веќе за оваа генерација Земјани, нашите собраниски расправии се како во средниот век. Врвното тело во државата кое ги крои или одобрува политиките за што поголем број граѓани да можат да работат од дома, ќе се туфка со месеци дали пратениците се Вонземјани кои мораат да креваат рака за да се јават за дискусија и да гласаат за предложените закони само со физичко присуство на заседанијата. Еден превеан демагог дури вика и дека ако не се смени Уставот, може сите онлајн дебатирани и изгласани закони, во иднина – кога тие ќе дојдат на власт, разбира се – да се прогласат за неважечки!

А со оглед на трендовите со вирусната зараза, не само што Собранието мора што побрзо да премине и на работа онлајн, туку треба да се подготви што ќе се случува со Домот на демократијата ако десетици – а не само два-тројца, како сега – од актуелните пратеници покажат симптоми на заразеност? Ќе останеме без функционално Собрание со месеци, можеби дури и до пролет?!

Политички, тоа е блокадата што ја посакува и на која работи опозицијата. „Колку полошо, толку подобро“ е, сè уште, нивната единствена стратегија за државата. Како со Македонија да владее некаков странски окупатор, а не легално избрана власт на демократски избори кои сегашната опозиција ги губи во неколку последователни циклуси. Како оние кои гласале за опозицијата на изборите да не се обични граѓани кои имаат право на нормален живот и кога не е нивната опција на власт. Како сите да треба да сме постојано во ровови, со гас-маски на лицата и со бајонети на пушките, на штрек кога ќе стигне командировката за следниот јуриш, со трчање преку минско поле, за симнување на „ненародниот режим“ од власта!

Тоа е логиката која стои и зад одбивањето да се прилагоди работата на Собранието согласно здравствената криза во државата. Односно, не е таа опција сосема отфрлена, но за неа треба да има политичка трговија, некоја отстапка, нешто, што било, како функционирањето на институциите во државата да е обврска само на власта.

Но, сето ова може да биде и само политичко морализирање, доколку на опозицијата таквата стратегија им дава опипливи политички резултати. На пример, кога тоа што го бараат да се сфаќа доволно сериозно во јавноста (а не само во нивните комитетски фејсбук групи), па Бислимовски да си поднесе оставка… Филипче да си поднесе оставка… Димова да си поднесе оставка… Рускоска да си поднесе оставка… Гувернерката на НБМ да си поднесе оставка… Е, па, кога два пати дневно барате оставки од разни луѓе во власта, јавноста веќе не може ни да ве следи што и за кого зборувате, бидејќи сето тоа станува само една непријатна врева во која партискиот портпарол Димче се доживува како маалски неранимајко кој со клуч им ги гребе колите на комшиите… Така, од инает!

Со инает не се освојува власта. Може кило сол да се изеде, ама не е препорачливо.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ