• Latest

Граѓански здруженија бараат итна декриминализација на канабисот

October 19, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓански здруженија бараат итна декриминализација на канабисот

October 19, 2020 14:12
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанските здруженија Зелена Алтернатива, ЗНАМ, ХОПС, Коалиција Маргини и Хелсиншки комитет за човекови права, денеска на прес конференција побараа итна декриминализација на поседување и лична употреба на канабисот, но и на негово одгледување за лична употреба.

Тие посочија дека со забрана за користење на канабисот се кршат човекови права и токму затоа потребна е измена и дополнување на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Освен декриминализација за лична употреба бараат да се овозможи основање и работење на социјални клубови.

Исто така, и да се зголеми бројот на здравствените состојби за кои може да се користат препарати од канабис согласно медицината базирана на докази, да се дозволи лекари освен од јавното и од приватното здравство да препишат препарати од канабис и да се дозволи можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да си одгледа и користи во форма во која најмногу му одговара за неговата состојба.

Бараат и да се предвиди во Законот за контрола на опојни дроги формирање на Фонд од давачките кои правните лица кои произведуваат и тргуваат со канабис ќе ги плаќаат согласно овој закон да се прицизира процент од средствата од овој фонд кој ќе биде наменет за програми за маргинализирани групи и лекување на разни болести.

Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини на денешната прес-конференција посочи дека доколку не се дозволи декриминализација на канабисот во државата, се прави голема неправда и е спротивно на принципот на владеење на правото.

„Едно од клучните причини зошто е неопходно да се случи декриминализација на личната употреба и поседување за лична употреба на канабис во државата е затоа што во спротивно се прави голема неправда и е спротивно на принципот на владеење на правото, една група на луѓе која има доволно средства истото да го призведува да го извезува да го увезува и да прави профит од тоа а друга група на луѓе за истото нешто да оди во затвор“, рече Дрндаревска.

Според неа, луѓето кои најмногу страдаат од овој модел на криминализација се луѓе кои имаат канабис за лична употреба и многу често истите се осудувани преку злоупотреба, полициска бруталност но и преку прекршување на нивните права во полициска постапка.

Дуковски направи споредба со Канада, каде што законски е регулиран канабисот и посочи дека таму нема раст на криминалот или криминалитетот, а судовите не се оптоварени судовите со предмети кои ги оптоваруваат граѓаните како на пример апсење за пет или десет грама.

„Доколку го гледаме компаративното право и во Канада тие денеска полнат две години со регулација на правото и употребата на канабисот за рекреативни цели и за потреба на граѓаните, јас би кажал дека не гледам дека има раст на криминалот, на криминалитетот и од кривично правен аспект баш напротив, не се оптоварени судовите со предмети кои ги оптоваруваат граѓаните како на пример апсење за пет или дест грама, затоа ако ја гледаме и меѓународната пракса не гледам причина зошто да не се донесе ова, “рече Дуковски на прес-конференција.

Огнен Узуновски од Здружение ЗНАМ за движењето вели дека преку барањата би прекинале секакви негативни полемики за канабисот.

„Во нашите барања, пред се’, е опфатен народот и засегнатите страни кои долг период се борат на оваа тема. Со овие барања, сметаме дека ќе го подобриме општеството и земјава ќе има сериозни бенефити, ќе биде уникатна земја на Балканот и Европа“, истакна Узуновски.

Здруженијата посочија дека сите овие барања ќе бидат доставени до Владата.

Операција Ослободување е граѓанско движење кое е резултат на повеќегодишна борба за декриминализација на растението Cannabis Sativa L, а нивните барања се:

1. Право на поседување канабис за лична употреба
2. Право на производство на канабис за лична употреба
3. Основање на социјални клубови за корисници на канабис
4. Граѓански претставници во Агенцијата за канабис.

 

Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ