• Latest

Георгиевски: Треба да се работи во унапредување на социјалните и економските сегменти во нашата мултиетничка земја

October 20, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Георгиевски: Треба да се работи во унапредување на социјалните и економските сегменти во нашата мултиетничка земја

October 20, 2020 11:23
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, одговори на повикот на Зелен ЦИВИЛ за отворање на темата за зелените вредности, социјалната правда и антинационализам.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се зелените перспективи на вашата Општина?

Георгиески: Здравствената криза поради пандемијата со корона вирусот нè научи повеќе време да поминеме на природа, да се свртиме повторно на природата, да уживаме во убавините на Охрид и планината Галичица. Би рекол дека најголемиот успех во денешно време е одржување на чиста, здрава и добро зачувана животна средина. Иако како општина активно сме вклулени во однос на заштитата на животната средина како со препораките на УНЕСКО, меѓутоа и со активностите на Општина Охрид. Прв пат општината оваа година пoдели субвенции, значителни средства за набавка за граѓаните на велосипеди, потоа субвенциониравме набавка на клима уреди. Инаку, работиме како да наjдеме соодветен начин на одржливо планирање на просторот на туристички град како што е Охрид и да ги зачуваме тие вредности за идните генерации. Вложуваме во изработка на добри урбанистички планови кои што за жал имавме една стагнација изминативе неколку години за добро и правилно уредување на поросторот.

ЦИВИЛ Медиа: Кога говориме за зелените вредности, познато е дека тие не се однесуваат само на заштитата на животната средина која, пак, често се меша со поимите поврзани со комуналната хигиена. Зелените вредности подразбираат почитување на човековото достоинство, што подразбира и социјална правда и антинационализам, стратегии за одржлив развој, што подразбира напуштање на принципите на либералниот капитализам… Колку, според Вашите анализи, знаат политичарите во нашата земја?

Георгиески: Мислам дека недоволно знаеме сите или многу малку знаеме во однос на тие да речам прокламирање идеи – едно општество за сите или секој човек е важен. Последните неколку години политичките партии се свртија малку кон прокламирање на тој концепт кој што е дефинитивно европски концепт на напредок. Меѓутоа, треба уште многу да се работи во делот на унапредување на социјалните и економските сегменти во нашата мултиетничка земја. Само така ќе имаме повисоки животни стандарди, подобри услови за живот, подобро образование и подобар здравствен систем.

ЦИВИЛ Медиа: Што ќе кажете за растечките политички и етнички мотивирани тензии во нашата земја? Кому му одат во прилог, а кој губи?

Георгиески: Никому не му оди на прилог. Ние 10 години живеевме во едно поделено општество, кога бевме поделени на патриоти и предавници, протестанти и контрапротестанти, студенти и контрастуденти и добро е што за доброто на идните генерации тие времиња се минати, и во иднина политичките гарнитури, независно дали ќе се од сегашната позиција или опозицијата, треба да сфатат дека едиствена иднина е во Европската Унија, во посилна економија, во економски просперитет и стабилност, и само тогаш ќе ги намалиме етничките поделби и растечките политички поделби во нашето општество.

ЦИВИЛ Медиа: Што треба да се направи во овој поглед?

Георгиески: Мора да се работи заедно, без оглед на етничката, верска или национална припадност и да се работи во сите сфери на општествениот живот за подобрување на животниот стандард, отварање на работни места, подобрување на образовнието и здравството, секој сегмент каде државата има свој удел и ние како општини, како локални самоуправи да се трудиме за подобрување на животниот стандард и квалитетот на животниот начин на граѓаните и на тој начин тие ќе се насочат кон едно општо добро и нема да се оптеретуваат со некои црни сценарија кои треба да ги оставиме позади нас.

Арбен Зеќири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ