• Latest

Заев-Мишел: Приоритети на Владата се унапредување на агендата за реформи на ЕУ на инклузивен начин со вклучување на опозицијата во Парламентот

October 22, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев-Мишел: Приоритети на Владата се унапредување на агендата за реформи на ЕУ на инклузивен начин со вклучување на опозицијата во Парламентот

October 22, 2020 13:56
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најважните приоритети на Република Северна Македонија во актуелниот период е да биде усвоена Рамката за преговори со ЕУ од страна на Европскиот Совет, и одржувањето на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ до крајот на годината под претседателството на СР Германија, беше истакнато на разговорот на премиерот Заев со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, што беше организиран онлајн и во кој учествуваа и заменик претседателот на владата за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

На онлајн средбата со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел беше констатирано дека позитивниот исход за одржување на првата меѓувладина конференција ќе биде поттик побрзи домашни реформи, како и позитивен сигнал за регионот со што ќе се потврди европската перспектива на Западен Балкан, како една од целите за проширување на ЕУ.

„Вложено е многу од двете страни и исто толку многу е остварено што не прави, како земја, подготвени за преговорите по поглавја за целосно и безусловно исполнување на нашата ЕУ агенда“, рече Заев на средбата со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел.

Претседателот на Владата Зоран Заев во разговорот со Шарл Мишел потенцираше дека приоритети на Владата за следниот период се понатамошното унапредување на агендата за реформи на ЕУ на инклузивен начин, со вклучување на опозицијата во Парламентот, и со активно учество на граѓанското општество и меѓународните партнери.

На оваа онлајн средба со претседателот на Европскиот Совет беше нагласено дека постигнатите важни резултати во зајакнувањето на независноста на судството, донесувањето на Законот за јавно обвинителство, како и конечните пресуди за случаи на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво, дополнително се подобрија и како такви се констатирани и во годишниот извештај на Европската Комисија за Северна Македонија.

„Северна Македонија ќе ги засили своите напори и ќе донесе понатамошни опипливи и одржливи резултати во клучните реформски области, особено во областа на владеењето на правото, вклучително и борбата против организираниот криминал и корупцијата“, рече Заев на оваа онлајн средба.

Тема на средбата, на која присуствуваа и учествуваа и заменик-претседателот на владата за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, беа и добрососедските односи и регионот.

Премиерот Заев истакна дека Владата е посветена на спроведување на обврските од Договорот од Преспа и од Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија и дека сите преостанати прашања ќе се затворат низ билатерални средби и во пријателска атмосфера.

На средбата со Шарл Мишел беше потенцирано и огромното значење на Економскиот и Инвестициски План за Западен Балкан вреден 9 милијарди евра за поголеми инвестиции за зајакнување на инфраструктурната поврзаност, особено во областа на транспортот и енергијата, зелената и дигиталната агенда, како и за зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор како клучни области за регионалните економии.

Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел на онлајн средбата потсети дека еден од неговите први приоритети кога го презеде мандатот во ЕС, беше интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, и во таа насока високо ја оцени посветеноста Влада и на граѓаните на Северна Македонија во остварувањето европските стандарди во сите области, вклучувајќи го и усогласувањето на националните надворешни политики со оние на ЕУ.

„Тоа е многу важно“, рече претседателот на Европскиот Совет Мишел за да заврши побргу процесот на затворање на поглавјата кој ќе започне со првата меѓувладина конференција во декември, за време на претседавањето на СР Германија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ