• Latest

Заев, Димитров и Османи на средбата со еврокомесарот Вархеји: Позитивните оценки на ЕК се уште една силна причина за успешна завршница на подготовките за првата меѓувладина конференција

October 22, 2020
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев, Димитров и Османи на средбата со еврокомесарот Вархеји: Позитивните оценки на ЕК се уште една силна причина за успешна завршница на подготовките за првата меѓувладина конференција

October 22, 2020 17:10
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Позитивните оценки за Северна Македонија во Годишниот извештај на Европската Комисија беше добра вест, но тоа е уште една силна причина повеќе да се работи уште повеќе на спроведување на реформите и на успешна завршница на подготовките за првата меѓувладина конференција во декември, беше истакнато на онлајн средбата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.

На средбата се заклучи дека Северна Македонија во принцип е задоволна од предлогот на Европската комисија за Рамката на преговорите што треба да ја усвои Европскиот Совет во ноември и дека е уверена дека клучните важни елементи поврзани со идентитетските прашања ќе бидат во согласност со европските вредности.

Владините претставници на оваа онлајн средба го поздравија Извештајот на Европската Комисија за земјата како објективна и сеопфатна проценка на вкупното ниво на усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ, како и констатираниот напредок за време на извештајниот период.

„Идентификуваните областите на кои им треба понатамошна работа, препораките и насоките, како и секогаш, ќе бидат преведени во нашата агенда за реформи, особено во клучните области на судските реформи и борбата против корупцијата и организираниот криминал“, рече премиерот
Заев на средбата со еврокомесарот за соседство и проширување Вархеји.

На средбата беше соопштено дека Владата подготвува детална анализа што ќе биде основа за ревизија на Националниот план за усвојување на правото на ЕУ како клучен стратешки документ што ги дефинира реформските приоритети, временските рокови и потребните ресурси за процесот на пристапување во членство во ЕУ.

Приоритет на Владата за следниот период, беше речено на онлајн средбата со Вархеји, е понатамошното унапредување на агендата за реформи на инклузивен начин, со вклучување на опозицијата во Парламентот, на граѓанското општество и на меѓународните партнери.

Како исклучително значаен на оваа средба со еврокомесарот Вархеји беше оценет Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан од 9 милијарди евра претежно за поголемите инвестиции во инфраструктурата со регионално влијание, наменети и за економско закрепнување на регионот заради последиците од пандемијата со КОВИД-19.

Еврокомесарот Оливер Вархеји на средбата ја искажа неговата, и силната поддршка на Европската Комисија за нашата посветеност во остварувањето на европските стандарди во сите области, и изрази очекување дека во претстојниот период ќе се завршат сите подготовки и усогласувања за да се одржи првата меѓувладина конференција која ќе го означи почетокот на затворањето на поглавјата за нашето членство во ЕУ.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ