• Latest

Да се приватизира или не, прашање е сега?

October 25, 2020
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Да се приватизира или не, прашање е сега?

October 25, 2020 10:28
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Ако ме излажеш еднаш – срам да ти е. Ако ме излажеш два пати – срам да ми е. Ако ме излажеш и трет пат – мора да сум многу глуп.

Првиот бран на приватизација нé затекна неспремни. Го прикажаа како неопходност на новиот систем, излажаа, изманипулираа и украдоа.

Вториот бран веќе наиде на отпор, меѓутоа, многу млак, неорганизиран, обоен со боите на партиите.

Третиот бран се маскира во јавно-приватно партнерство, кое според владеачката СДСМ: “… ќе биде една од преокупациите на Владата во делот на креирањето на сите економски политики во следниот период, заради обидот да ги максимализираме сите ефекти за рестарт, односно за економски раст и развој, што веруваме ќе биде пример во следните четири години“.

Време е да се каже не. Не за приватизација на јавните претпријатија (под било кое име, маска, марама или превез). Време е дури и да вратиме назад некои од претходно приватизираните. Време е да почнеме да го практикуваме Уставот на Македонија, според кој нашата држава е демократска и социјална.

Како се оправдува приватизацијата?

Јавните претпријатија се трошок и сите ние губиме заради нивното постоење, монополската поставеност води кон корупција,  одлуките се носат од политички причини, а не со цел задоволување на потребите и интересите на граѓаните, нема одговорност, јавните претпријатија се збирштини од партиски кадри, од јавните претпријатија ќар имаат само политичарите,  тие се гломазни и неефикасни.

Приватизацијата се нуди како волшебен лек за сите проблеми со кои се соочуваат јавните претпријатија. И дека целта се подобри услуги за граѓаните.

Прашањето е дали е ова најсоодветниот лек, па дури и, дали е воопшто лек или отров кој се продава во опаковка на лек?

Прво, самиот акт на приватизација вообичаено е проследен со огромна и неконтролирана корупција. За нешто да биде продадено некој треба да биде подмитен, некој треба да обезбеди јавното добро да биде обезвреднето и уништено, некој кој ја има во моментот власта треба да биде толку бескрупулозен за да ја изигра довербата која му е дадена и да заработи на нешто што не е негово и кое не го создал. Во услови кога договорите се склучуваат зад затворени врати станува уште потешко откривањето на овој вид корупција. Примерот на низа јавни претпријатија кои прво беа уништени за потоа да бидат приватизирани е еден од најочигледните примери на коруптивното делување.

Второ, менаџерите на приватните претпријатија се одговорни пред нивните сопственици, а не пред заедницата и граѓаните. Тие се успешни доколку ги задоволуваат интересите и потребите на својот газда. Граѓаните можат да ги повикаат на одговорност менаџерите на јавните претпријатија, меѓутоа, не можат да ги повикаат на одговорност менаџерите на приватните претпријатија. Тие се дури и заштитени со деловната тајна и не се должни да им одговараат на граѓаните. Менаџерот нема да биде отпуштен од работа затоа што некој граѓанин не добил соодветна услуга, туку тогаш кога со своето работење не остварил доволен профит за газдата. А тоа се две сосема различни работи.

Трето, приватните претпријатија кои работат во области од јавен интерес како и во секоја друга област имаат за цел да остварат профит, а не да задоволат нечии потреби и интереси. Задоволувањето на потребите и интересите е само начин на остварување на профитот, а не цел сама по себе. Точно е дека профитот е поголем доколку има задоволни клиенти. Меѓутоа, тоа воопшто не значи еднаков третман на сите граѓани и пружање еднаква услуга на сите граѓани, туку значи сé поголема нееднаквост. Кога целта е профит, сé што се прави е насочено кон таа цел. На пример, приватниот автобус нема интерес да вози во периодите кога нема многу патници. Кога приватникот не остварува профит тој може да го затвори „бизнисот“, и луѓето да останат без соодветната услуга. Јавното претпријатие ориентирано кон задоволување на потребите на граѓаните остварениот профит би требало го вложува во натамошно подобрување и проширување на услугите.

Четврто, голем дел од јавните услуги се природни монополи (греење, јавен транспорт, водоснабдување). Во актот на приватизацијата тие не се демонополизираат туку стануваат приватен монопол. Овој монопол е потполно надвор од контролата на граѓаните (што го покажуваат сите последни случувања поврзани со БЕГ, кој многу природно се труди на секој начин да заштеди на сметка на граѓаните).

Намалувањето на јавните претпријатија не значи само полоши услуги за голем број луѓе, туку удира по самите фундаменти на современото демократско општество: еднаквоста на граѓаните и заштитата на нивните основни права и слободи. Работникот кој се враќа доцна од работа нема да има превоз. Сигурноста на жената која мора пешки да си оди дома затоа што нема јавен превоз е загрозена. Граѓанинот кој цел живот издвојувал за здравствено осигурување, мора да плати висока цена за лекување.

Системот кој јавниот интерес сака да го направи извор на профит не значи дека ние добиваме повеќе за нашите пари туку дека некој добива повеќе, а некој прави пари на нас. Пазарот е место на добитници и губитници, а не место каде што луѓето ги уживаат плодовите на развојот на заедницата (еден од најдрастичните примери е приватизацијата на извршувањето, кое е извлечено од надлежноста на судовите стана вносен бизнис за приватните извршители)..

Државата не е претпријатие кое треба да се води како бизнис кој создава профит, туку непрофитна организација која подеднакво се грижи за потребите на секој граѓанин и која секоја добивка ја вложува во полза на граѓаните.

Точно е дека  јавните претпријатија вријат од корупција,  одлуките многу често се носат од политички причини, а не со цел задоволување на потребите и интересите на граѓаните, нема одговорност, претставуваат збирштини од партиски кадри, професионалноста е на многу ниско ниво, и, често се гломазни и неефикасни.

Меѓутоа, сé додека се јавни претпријатија граѓаните можат да поставуваат прашања, да влијаат и да бараат промени.

Решението не е во нивна приватизација туку во нивна контрола, обезбедување на донесување одлуки кои не зависат од политичарите, воспоставување систем на јасна и строга одговорност (кога директорот чие претпријатие има негативни резултати оди во затвор, а не добива ново директорско место), каде вработувањето и кариерното напредување не зависат од партиската припадност и кои ги следат сите современи развојни трендови и ги искористуваат предностите на современата технологија. И решението е во тоа менаџирањето на јавните претпријатија да не се третира како дел од пленот кој некои политички партии го освоиле на последните избори, туку како основна функција на најголемото непрофитно здружение на граѓаните – државата.

Јавните претпријатија и јавните услуги кои се под контрола на државата се дел од развојот на ЕУ.

Според некои аналитичари дури: јавните услуги се определувачка мерка на социјална Европа и се наоѓаат на врвот на агендата во секоја европска држава.

Развојот е дури и во насока на апсолутна достапност на одделни јавни услуги без никаков надомест.

Процесот на одземање на јавните добра од рацете на приватните компании почнува да станува светски тренд.

Исклучително важно е во моментов да не дозволиме Македонија да остане на дното или уште полошо, да почне да се движи во обратна насока од глобалниот развоен тренд.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ