• Latest

Филипче очекува итно да се донесат законските измени и сите мерки за заштита од Ковид-19

October 26, 2020

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филипче очекува итно да се донесат законските измени и сите мерки за заштита од Ковид-19

October 26, 2020 09:04
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нов црн биланс на заболени и починати регистрираше вчера Министерството за здравство. Во земјава во изминатите 24 часа битката со коронавирусот ја изгубија 22 лица, а регистрирани се нови 561 случаи од направени 1.901 тестирање со што процентот на новозаразени се искачи на 30.

Најмладиот пациент кој почина од Ковид е на 35-годишна возраст, а најстариот на 81-годишна возраст. Освен двајца пациенти, сите останати се починати во болнички услови. Повеќе од половина од новозаразените се од Скопје, односно 271 лице.

Болничките капацитети се речиси полни, а се полни и модуларната болница. Речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се нови 17 пациенти, а вкупната бројка на хоспитализирани е 137 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ имало шест нови приеми, а вкупно се хоспитализирани 49 пациенти. Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 позитивни мајки, како и 3 деца и 1 мајка суспектни на ковид-19. Во болницата во Битола се хоспитализирани 57, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 281 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

– Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен. Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран, апелираше вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче изјави дека очекува итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени и повика на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита.
– Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата, напиша Филипче.
Заради зајакнување на капацититети веќе е најавено поставување на 16 мини Ковид одделенија, а министерот за здравство Венко Филипче најави и зголемување на термините и на бројот на тестови.

Сетот на препораки за носење маска на отворено, забрането групирање на повеќе од четири лица на отворено и ограничување на бројот на гости во домовите се уште чека да добие зелено светло од Собранието каде власта и опозицијата се уште преговараат дали да работат онлајн или со физичко присуство.

Владата веќе донесе мерки со кои го ограничи работењето на угостителските објекти до 23 часот, освен за оние кои вршат испорака и препорача да се ограничи капацитетот на патници во автобусите на 50 проценти од вкупниот број на патници. На државната и јавна администрација, општините и судовите им препорача да работат онлајн или да ја организираат работата во смени.

Есенскиот бран на Ковид -19 зема се поголем замав. Бројот на заболени расте, а државите воведуваат порестриктивни мерки во обид да го спречат ширењето на вирусот.

Во земјите од регионот, Хрватска вчера забележа 2.421 нови случаи што е досега најголем број на заболени пациенти во еден ден во оваа држава. Словенија регистрираше речиси 2.000 новозаболени, а Бугарија 1.043 нови случаи.

Романија пријави нови 3.855 случаи, Велика Британија 19.790 случаи, а нов дневен рекорд на заразени регистрираше и Италија, дури 21.271 лице.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ