„Ја прифаќам препораката да размислам пред да споделам, како иницијатива по повод Меѓународната недела на медиумската писменост“, се вели во изјавата на премиерот Зоран Заев, споделена неговиот Фејсбук профил.
„Во време на пандемиска криза со Ковид-19, но и во сите кризни ситуации, споделување на неточни и кризни, споделувањето на неточно и лажни информации може да предизвика сериозни, па дури и фатални последици. Да се здружиме и да ги запреме дезинформациите онлајн #РазмислиПровериСподели“, вели Зоран Заев во обраќањето.