• Latest

Апелациски ја намали казната на Илиќ за убиството на малиот Алмир од 6, на 4 години

October 30, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Апелациски ја намали казната на Илиќ за убиството на малиот Алмир од 6, на 4 години

October 30, 2020 11:55
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Апелациониот суд официјално потврди за „Порталб.мк“ дека ја смениле првостепената одлука за случајот „Алмир Алиу“, со која на Бобан Илиќ, кој со автомобил усмрти 4-годишно дете од Куманово. Казната е намалена од 6 години на 4 години затвор, додека остатокот од одлуката останува ист, односно таткото на Алмир е осуден на 6 месеци, додека другите двајца членови на семејството со по 9 месеци затвор.

Од Апелација велат дека одлуката за овој предмет ќе биде објавена во наредните денови.

Со оваа одлука роднините на починатото дете, немаат право на жалба во Врховен Суд против пресудата на Апелациониот суд, бидејќи затворската казна им е помала од 1 година. За разлика од нив, Илиќ ако сака може да се жали во Врховен суд.

„Ако некое лице е осудено на безусловна казна затвор или малолетнички затвор од најмалку една година, неговиот бранител може да поднесе барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поради повреда на закон во случаите предвидени со овој закон“, стои во член 463, став 1.

Во овој случај, членовите на семејството на Алмир имаат право да бараат правда пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Малиот Алмир Алиу беше прегазен од Бобан Илиќ на 25 јуни 2016, по банална расправија на семејствата Илиќ и Алиу пред Здравствениот дом во Куманово. Алмир почина на 2 јули 2016 година.

Првообвинетиот Бобан Илиќ, прво беше обвинет за убиство, а потоа делото беше преквалификувано во тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Судскиот процес беше со постојани тензии, а беа организирани и протести пред судот во Куманово и во Скопје. Последниот голем протест беше одржан пред Владата, каде граѓаните бараа од властите да обезбедат фер судење.

Возилото со кое е усмртен Алмир му е вратено на семејството на убиецот и истото е огласено за продажба.

Возилото е поправено и огласено за продажба, иако во записникот од Основното обвинителство во Куманово е наведено дека „Со потврда за привремено одземени предмети број 267/4389 од првопријавениот е одземено ПМВ марка Мерцедес, со регистарски број KU-0914-AD, со напомена дека истото му е оставено на чување во неговиот двор без притоа да смее да се врши било какви поправки на истото која потврда е прилог на пријавата“.

Основниот Суд во Куманово во јуни 2019 година повторно го осуди на 6 години затвор, Бобан Илиќ од Куманово, за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Таткото на Алмир, Седат Алиу на 6 месеци, додека Сами Демири и Абдулах Алиу на по 9 месеци затвор. Истата одлука беше потврдена на второто судење. Предметот повторно отиде во Апелација, при што сега овој Суд се предомисли и за разлика од првиот пат, и на Илиќ му ја намали казната од 6 на 4 години.

Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ