• Latest

Вашингтон виа Велес, терор во Виена, изгубени во преводот, доследност…

November 3, 2020
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Вашингтон виа Велес, терор во Виена, изгубени во преводот, доследност…

Лајт мотиви: преводи, митови и твитови...

November 3, 2020 03:12
in БЛИЦ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

БАЈДЕН ИЛИ ВЕЛЕС? Како и насекаде низ светот, претседателските избори во САД се најважната тема на денот во нашите домови, се разбира, покрај пандемијата. Се разменуваат статистики, податоци од истражувања, загрижености за времето потребно да се избројат американските гласови, но се споделуваат и „длабоки Фејсбук анализи“ за ликот и делото на Доналд Трамп… Една возрасна интелектуалка, во живиот разговор меѓу соседите, вели на шега: „Ќе видиме велешанчињата дали ќе завршат работа. Ако им тргне, можеби Трамп ќе победи по втор пат.“ Одличен повод да се префрли разговорот на домашниот политички терен… Каде што сѐ е заговор, мит или легенда, која започнува и завршува со „не нѐ бива“…

ТЕРОР ВО ВИЕНА Жешките теми за американските избори и пандемијата ги истиснаа мрачните вести од Виена, погодена од терористички напад. Австриската полиција доцна навечер соопшти дека до 20 часот имало една потврдена жртва, неколку повредени (вклучително еден полицаец) и еден напаѓач убиен од полицијата во страотниот терористички напад со пукотници на шест локации во Виена. Светот е згрозен од овој најнов терористички атак. Пред полноќ дојдоа вестите дека голем дел од напаѓачите се уапсени. Граѓанските новинари објавија снимки од апсењето. Потерата продолжува. Истовремено, трката за сензација во медиумите ја заматува сликата, а дел од светските медиуми не се воздружуваат и да претераат, како да не се доволни самите факти на трагедијата. Нашите локалци, пак, заглавени во лошите преводи. Како и секогаш.

ПОРАКА ЗА ПОМНЕЊЕ „Нема да ѝ се предадеме на омразата чија цел е да ги подели нашите општества“ – твитна, меѓу другото, германското МНР ноќта, веднаш по терористичкиот напад во Виена.

ТВИТЕР ВОЈСКИ НА ОМРАЗАТА Во меѓувреме, започна уште една Твитер војна со хаштаг Виена. Наспроти пораките за смирување и сочувство за настраданите, се кренаа Твитер војски на омразата, да ја истераат својата „отровна правда“ во ноќта на теророт. Секако, за очекување е и локалните тролчиња да ја „преведат“ и локализираат оваа војна во познат манир.

ЗДРАВЈЕ ИЛИ ПОЛИТИЧКИ ПРОФИТ? Додека нормалните луѓе се борат со коронавирусот со маска, дистанца и сапун, други се борат против здравјето на луѓето. На некои партии им е поважно да фатат фотелја во некое си ново владино тело што тие си го замилиле, иако такво веќе постои и ја води војната со вирусот, не помалку успешно (или неуспешно) од многу други земји во развиениот свет. Човек не мора да е многу паметен за да препознае желба политички да се профитира. Некои медиуми и партиски трол војски, од оние што секогаш се „најдобро информирани“, продолжуваат со ширењето лажни вести и недоверба во здравствените институции. Но некако им снемува здив. Изгубени во преводот, засекогаш.

LOOK WHO’S TALKING „Во принцип сакам да разговарам со луѓе чијшто збор држи, со луѓе коишто, кога ќе кажат нешто, стојат до сопствениот збор, што за жал во последно време не го гледам кај владејачката ДУИ“ – рече Мицкоски во емисија на скопската ТВ Клан, оценувајќи ги односите со албанските политички партии. Кој го кажа тоа? Политичар кој не одговорил на троцифрен број јавно поставени прашања, седи на тронот на партија која води изразито националистичка, а особено антиалбанска политика и не одржал ниту еден збор. И за три години изгуби во три изборни циклуси. Ова нема потреба да се преведе…

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ