• Latest

Влез во Северна Македонија, Србија и Албанија без ПЦР-тест и бесплатно лекување на болни од Ковид-19

November 10, 2020

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Влез во Северна Македонија, Србија и Албанија без ПЦР-тест и бесплатно лекување на болни од Ковид-19

November 10, 2020 09:16
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе можат да ги минуваат границите и без ПЦР-тест, а доколку државјанин една од трите земји поради Ковид-19 се најде во болница, државата во која се наоѓа ќе ги преземе трошоците за лекување.

Ова, меѓудругото, е предвидено во Меморандум за соработка во услови на Ковид-19, кој вчера го потпишаа премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Србија, Ана Брнабиќ и на Албанија, Еди Рама во присуство на министрите за здравство.

Во Меморандумот се потенцира дека министрите за здравство и лекарите од трите земји ќе соработуваат и ќе разменуваат искуства во борбата со коронавирусот

Премиерот Заев, кој беше домаќин на настанот, истакна дека со ова се поставува патот за уште посилна соработка меѓу земјите.

– Отвораме зелени коридори за патување на нашите граѓани и економските оператори со кои се ублажуваат последиците од Ковид-19. Граѓаните и, пред сè, носителите на економијата ќе се движат помеѓу трите земји без потреба од ПЦР-тестови односно ќе се ослободат од административен и финансиски товар. Сакаме да го олесниме животот на нашите граѓани и да поставиме основи за економско закрепнување, рече Заев.

Северна Македонија, Албанија и Србија, како што кажа, веднаш ќе почнат да работат на координација околу обезбедување на вакцина за Ковид-19 за нашите граѓани.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакна дека здравјето и инфекциите не познаваат национални државни граници и затоа исто така е многу важно тоа што го договориле да не ги затвораат границите, туку заеднички да ја пребродат кризата, заедно да се борат против пандемијата и да продолжат со трговската размена, да ја унапредуваат таа соработка и сите други видови соработка.

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека со меморандумите што веќе ги потпишале се предвидува размена на информации и искуства, како и на товарот, колку што е можно во услови на пандемијата со Ковид-19.

“Со Софискиот самит, почнува една нова фаза на нашата тесна соработка и Косово ќе се приклучи на иницијативата. Посакувам исто така и другите земји од западнобалканската заедница да се приклучат“, истакна Рама, кој додаде дека е многу важно да ѝ се укаже на ЕУ, дека на Балканот му треба поголема поддршка.

Владата на вчерашната  седница донесе одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор во текот на целиот ден, откако во деноноќието меѓу неделата и понеделникот беа регистрирани нови 515 случаи позитивни на коронавирусот од 1293 тестирања, 20 починати и 1194 оздравени.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 40275, бројката на оздравени пациенти е 24229, на починати е 1156, а бројот на активни случаи изнесува 14890. Според вчерашниот здравствен билтен, во земјава се хоспитализирани 998 позитивни и суспектни на вирусот.

Од здравствените работници кои работат и се на испомош на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов 11 се позитивни, а двајца се во изолација. Од 11-те позитивни, седум се медицински сестри од Клиниката, двајца се доктори, а две се медицински сестри кои се на испомош, информира вчера за МИА од Министерството за здравство.

На Клиниката, како што посочуваат, работат вкупно 40 медицински сестри, а 11 се на испомош. Во Модуларната болница до Инфективната клиника, пак, работат три медицински сестри, а 14 се на испомош.

Заклучно со вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје, во моментов има 297 активни случаи меѓу здравствени работници. Од почетокот на здравствената криза со коронавирусот вкупно позитивни на вирусот биле 527 здравствени работници, а 12 од нив починале, потенцираат од Министерството за здравство.

Владата на вчерашната  седница донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана, информираат од Владата.

На вчерашната седница беше заклучено поранешни армиски службеници, над 45-годишна возраст, да се вклучат како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции. Беше одлучено и Министерството за одбрана, за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од заразната болест Ковид-19 за определен временски период да отстапи одреден број санитетски возила.

Во насока на брзото детектирање на инфицирани со коронавирусот од вчера во Скопје почна тестирање со брзи тестови. Тестирањата се вршат во поликлиниките „Ѓорче Петров“,  „Чаир“, „Ченто“, „Бит Пазар“, „Јане Сандански“ и „Млин Балкан“.

Од Министерството за здравство појаснуваат дека со овие тестови се детектира коронавирусот, а не антитела. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 до 15 минути. Брзите тестови ги закажува матичниот лекар, според претходно одреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на Ковид-19 да не траат подолго од пет дена од почетокот до тестирањето.

Термините за тестирање со брзи тестови ќе одат преку „Мој термин“. Од Министерството напомнуваат дека и доколку брзиот тест е негативен, но симптомите сугерираат на Ковид-19, тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР тест.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ