• Latest

Заев: Буџетот ќе се полни и преку договори за повеќе енергетски проекти, ЕСМ нема да се продава, ТЕЦ Неготино електроцентрала на хидроген

November 12, 2020

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: Буџетот ќе се полни и преку договори за повеќе енергетски проекти, ЕСМ нема да се продава, ТЕЦ Неготино електроцентрала на хидроген

November 12, 2020 13:03
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев како експликација на делот на Буџетот за 2021 година, кој се однесува на поголема разновидност и на дополнителни извори на приходи во државната каса ги наведе иницијативите за јавно приватно партнерство за хидроцентралата Чебрен, инвестициите во ветерници за производство на струја со јачина од по 30 мегавати во Богданци, во Гевгелија и Свети Николе како и во реализација на соларните електрани во Осломеј со вкупен капацитет од 100 мегавати.

Заев истакна дека една од извесните инвестиции во форматот јавно-приватно партнерство е предвидена и за ТЕЦ Неготино за нејзина трансформација во електро-централа на хидроген.

Во делот на енергетиката, Заев го најави и инвестицискиот проект на Владата за влегување со акционерски удели во гасната станица за производство на електрична енергија и во терминалот на течен природен гас во Александропулос – Грција, за што е донесена одлука за формирање тимови за преговори.

Заев нагласи дека во насока на дополнување на изворите за Буџетот се очекуваат инвестиции во ски центарот Попова Шапка, со дополнителна одлука за дали тоа ќе оди на продажба или со концесија, како и на туристичките објекти во Струга во сопственост на Електрани на Северна Македонија.

Како дополнителни можности Заев ги наведе потенцијалите од приватизација на дел од акционерските друштва во доминантна или делумна државна сопственост и  истакна дека во функција на развојот е предвидено до крајот на 2021 година да отпочне и да заврши постапката за продажба на Македонска пошта, исто како и на Македонски железници и Евро-композит, фабриката за шински возила „Колска“, Тутунски комбинат Прилеп, како и некои други компании во кои државата е сопственик или мнозински сопственик.

„Немаме намера да го продаваме акционерското друштво во државна сопственост Електрани на Северна Македонија. Тоа е компанија со големи и потенцијални ресурси која остварува профит од кој што еден дел се инвестира во заштитата на животната средина како што е проектот со инверторите, во филтрите во РЕК Битола, во нова опрема и механизација за сопствените потреби за работа на енергетските ресурси на компанијата“, изјави Заев.

Заев додаде дека се очекува реализација на веќе најавените иницијативи како што е легализацијата на автомобилите со странски таблички од кои се очекува приход од околу 20-тина милиони евра, продажбата на земјоделското земјиште во сопственост на државата со гаранции дека земјиштето останува за земјоделско производство, ставањето во функција на финансискиот пазар на готовинските пари кај граѓаните кои ќе добијат можност да вложат и во државни обврзници, како и дополнителни финансиски придобивки за државата и за инвеститорите од декриминализацијата на канабисот.

Како уште една придобивка од сите овие иницијативи за поголема диверзификација на изворите на финансирање на државата се очекува и намалување на даночната евазија која се движи над 30%, како резултат на борбата против сивата економија со што се комплетираат мерките кои треба да го овозможат рестартирањето на македонската економија во пост-ковид периодот и за раст како дел од стратешки планови и позиционирање за да покажеме дека тоа што го направивме на политички план можеме да го поткрепиме и со растечка економија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ