• Latest

Советот за безбедност побара Владата да прогласи кризна состојба на цела територија на државата во траење од 30 дена

November 19, 2020
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025

ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња, најдолгото ливче половина метар

October 16, 2025

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Национална прес конференција (08.10.2025)

October 16, 2025

Филипче фрли „економска бомба“: Ќе нема пари за пензии, плати и социјална помош – Владата возвраќа: Лажна паника, сè е под контрола

October 16, 2025

Ќе се дистрибуира доверливиот материјал до ОИК за локалните избори

October 16, 2025

Османи добил директна порака од висок претставник на ЕУ дека се очекува новата влада да ги спроведе уставните измени веднаш по изборите; Адеми со пет изборни ветувања, за Филипче негласањето е награда за режимот на ВМРО…

October 15, 2025
Фотгорафија: Собрание на РСМ

Гаши-Фон дер Лајен: Слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Северна Македонија

October 15, 2025
Скриншот од видео снимка

Големи руски напади ја прекинаа струјата во Кијив и низ цела Украина

October 15, 2025
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Советот за безбедност побара Владата да прогласи кризна состојба на цела територија на државата во траење од 30 дена

November 19, 2020 15:41
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Советот за безбедност и предложи на Владата да прогласи кризна состојба на територијата на цела држава во траење од 30 дена поради состојбата со коронавирусот во земјата, соопшти денеска претседателот Стево Пендаровски. Кризната состојба е законски регулирана и, меѓу другото, опфаќа вклучување на Армијата како поддршка на полицијата, како и на приватните здравствени установи во справувањето со Ковид-19.

Шефот на државата оцени дека состојбата во земјата со Ковид-19 е исклучително сериозна. А состојбата не е поинкава, како што рече и во буквално сите земји и во Европа и светот, далеку полоша од пролетниот бран по бројот на заразени и починати.

Откако ќе биде прогласена кризна состојба, како што појасни претседателот Пендаровски, Законот за одбрана и Законот за управување со кризи даваат многу пошироки можности за поддршка на надлежните институција, пред се, здравствените од страна на Армијата. Тој потсети дека и во моментот Армијата и дава поддршка на полицијата и на здравствените институции, но во лимитиран обем, потпирајќи само врз правниот основ кој доаѓа од Законот за служба во Армијата.

Пендаровски појасни дека Армијата ќе се вклучува само на барање на Кризниот штаб и оти војниците нема сами да можат на пример да извршуваат одредени задачи како обезбедување на болниците туку како поддршка.

– Во делот на ангажманот на Армијата, ние ќе ги следиме барањата на Кризниот штаб, кога ќе се декларира кризна состојба. Таму каде што тие ќе декларираат поддршка на полицијта и на здравствените власти, таму ќе помагаме, рече Пендаровски.

Шефот на државата кажа дека иако сега пандемијата е многу посериозна од пролетниот бран, сега Армијата е поподготвена.

– Моја проценка е дека сега кога би била кризна состојба еве денеска, ние би имале седум до десет пати повеќе припадници на Армијата ангажирано отколку што имаме досега, рече Пендаровски потсетувајќи дека војниците и сега некаде и помагаат на полицијата и здравствените власти.

Втората битна разлика, како што кажа, е во законската можност Владата да управува со ресурсите на органите на државната управа, на јавните претпријатија, на општините на Градот Скопје, но тука вклучувајќи ги и трговските друштва, во овој случај и приватните здравствени установи.– Не станува збор за национализација на приватните болници, туку евентуално за управување со нив во битката против пандемијата, се разбира таму и во тој обем во кој Владата ќе процени дека е тоа неопходно. Инаку, знаете дека приватната сопственост е гарантирана со Уставот и затоа тука не станува збор за национализација или некакво менување на сопственоста, рече Пендаровски.

Воведувањето на кризната состојба на целата територија, како што потенцира, нема никаква врска со прогласување на полициски час и евентуално на рестрикции на движењето на граѓаните.

– Тоа е во надлежност прво на Комисијата за заразни болести, потоа на Централниот кризен штаб и се разбира на Владата ако така процени дека е неопходно, рече Пендаровски.

Шефот на државата очекува Владата многу брзо да прогласи кризна состојба на целата територија.

На дневен ред на денешната 10. седница на Советот за безбедност беше актуелната ситуација со пандемијата КОВИД -19.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој беше повикан од Пендаровски да присуствува на состанокот, информирал за капацитетите и ресурсите во здравството и за реорганизацијата на болниците за справување со пандемијата, додека премиерот Зоран Заев за севкупните активности и за политиките во другите ресори и можните опции и сценарија за наредните денови и недели.

Во моментов во земјата има прогласено кризна состојба на северната и јужната граница во врска со нелегалните преминувања на мигранти и бегалци и на тие подрачја полицијата и војската работат заедно. Сега таквата соработка откако ќе биде декларирана кризна состојба на цела територија ќе биде овозможено буквално на целата територија на земјата.

На седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија која се одржа во претседателската „Вила Водно“, се расправаше за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 во земјава и за мерките и активностите на надлежните институции. Покрај редовните членови на Советот премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери и министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Бујар Османи, на покана на претседателот Пендаровски присуствуваше и министерот за здравство, Венко Филипче. Министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски не присуствуваше на состанокот. /МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ