• Latest

Активни 20711 случаи на Ковид-19, во болниците има уште слободни кревети

November 25, 2020
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Активни 20711 случаи на Ковид-19, во болниците има уште слободни кревети

November 25, 2020 09:40
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 20711 активни случаи на Ковид-19 се регистрирани во земјава, од кои речиси половината 9985 се во Скопје, а во болниците се лекуваат 1290 пациенти. И покрај растот на бројот на инфицираните, сепак, болниците располагаат со слободни кревети. За да се овозможат дополнителни простории за лекување на заболените, од понеделник на располагање ќе бидат ставени и дел од капацитетите и медицински екипи и од приватните болници.

Во претходното деноноќие се евидентирани 1039 нови случаи на ковид-19 од направени 3143 тестирања. Има 998 оздравени пациенти, а починаа 15 лица.  24660Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 56164. Оздравени се 33892 лица, а битката со кронавирусот ја загубија 1561.Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември регистрирани сe 7.486 позитивни случаи во 35 градови во државата. Заболени има во сите возрасни групи. Најзастапени се лицата над 60 години. Најмал број е регистриран кај децата до девет години, и од 10 до 19 години.

Исто така, со цел обезбедување повеќе простории за лекување на пациенти заболени од Ковид-19, во тек е пренамена и прилагодување во ковид-центар на објектот на поранешната гинеколошка болница „Мала Богородица“ на „Аџибадем Систина“.

Со ковид-центарот ќе менаџира Министерството за здравство, односно државата, кои ќе одлучуваат кои пациенти ќе се третираат тука и каква терапија ќе добиваат.

Ќе се третираат и хоспитализираат пред се пациенти со полесна и умерена клиничка слика, додека пациентите со потешки компликации ќе се третираат во ГОБ „8 Септември“.

Капацитетот на објектот e 100 болнички легла. Дел од опремата и кадарот ќе бидат покриени од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Клиниката „Жан Митрев“ согласно договорите со Фондот за здравствено осигурување.

Пациентите кои ќе се третираат во објектот ќе добијат услуги на исто ниво како што добиваат и пациентите во овие две приватни здравствени установи.

Цената за лекувањето која државата ќе им ја исплаќа на приватните болници за оваа намена, според утврдениот ценовник од Фондот за здравствено осигурување изнесува 100 евра од ден по пациент, додека трошоците за тоа се доста поголеми.

Во овој ковид-центар ќе работат пет доктори, 30 медицински сестри, осум болничари и друг медицински персонал, осум лица за обезбедување, шест лица администрација и 12 лица болнички персонал. Најмногу кадар ќе обезбедат „Аџибадем Систина“ и Клиниката „Жан Митрев“ зависно од тоа колку средства добиваат согласно договорите склучени со Фондот за здравствено осигурување, а двајца доктори ќе назначи Министерството за здравство.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ