• Latest

За една недела 14 664 решенија за изолација и 27 прекршочни пријави за угостители

November 25, 2020
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

За една недела 14 664 решенија за изолација и 27 прекршочни пријави за угостители

November 25, 2020 16:24
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести во ноември инспекторите имаат изречено осум прекршочни пријави, 16 платни налози, 30 решенија и донесени се 39858 решенија за изолација на заболени лица од коронавирусот и лица кои биле во контакт со заболено лице, информира на денешната прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, пренесува МИА.

Таа денеска ги презентираше податоците од спроведените контроли во периодот од 16 заклучно со 22 ноември. Во посочениот период инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршиле вкупно 96 надзори од кои 72 се по однос на здравствените протоколи и во изминатите седум дена ДСЗИ издаде вкупно 14664 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на Ковид и лица кои биле во контакт со позитивно лице. Овие инспектори, како што информира Филиповска-Грашкоска, донесоа и 11 решенија за констатирани неправилности врз основа на спроведените надзори.

– Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатата недела изврши 3463 контроли и 553 надзори поврзани со материјалните закони и со здравствените протоколи за работа на угостителските објекти. Притоа поднесени се 27 прекршочни пријави, од кои две прекршочни пријави се поднесени против угостителски објекти по еден во Тетово и во Гостивар. Овие угостителски објекти не ги почитувале протоколите, односно истите работеле по 21 часот, поради што им е изречена забрана за работа и соодветна глоба. Дополнително, пазарните инспектори изрекоа 52 решенија и 25 прекршочни платни налози по останатите материјални закони по кои постапуваат, соопшти Филиповска-Грашкоска.

Во истиот период Инспекторатот за транспорт извршил 57 надзори, при што се изречени 10 прекршочни пријави, три решенија и четири прекршочни платни налози за прекршување на материјалните закони, односно од извршените надзори по основ на Законот за заштита на населението од заразни болести не се констатирани прекршувања.

– Државниот инспекторат за труд, пак, во истиот овој период спроведе 519 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на протоколите во насока на заштита на здравјето на вработените. При овие надзори од страна на трудовите инспектори изречени се 27 решенија и еден прекршочен платен налог кои пред се се однесуваат на утврдени неправилности од областа на работните односи, посочи Филиповска-Грашкоска.

Агенцијата за лекови и медицински помагала извршила 26 надзори во различни аптеки на територијата на целата држава и не се констатирани прекршувања на законските одредби или отстапувања од протоколите.

Агенцијата за храна и ветеринарство, пак,  во периодот од 16 до 22 ноември спроведе 386 надзори при што издадени се седум решенија и 22 едукации најчесто поради констатирани неправилности кои се однесуваат на неизвршени здравствени прегледи, неспроведување општи хигиенски мерки, неправилно складирање и чување на производи и неправилно означување на производите.

– Како инспекциски служби правиме максимални напори да ги минимизираме можностите за ширење на коронавирусот во големи и средни производствени капацитети, трговски објекти, кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна, банки, пошти, аптеки и во сите други правни лица кои извршуваат било каква дејност. Инспекциските служби ќе бидат на терен постојано насекаде низ земјата и навремено и неселктивно ќе го следат почитувањето на сите акти кои Владата ги носи, рече Филиповска-Грашкоска.

Таа нагласи дека и покрај зголемениот број на контроли во месец ноември сепак се детектирани помал број на прекршувања на протоколите со што се потврдува дека зголемените надлежности на инспекциските служби го даваат својот резултат при почитувањето на овие протколи.

Споредено со претходниот месец, како што информира, се забележува намалување на прекршувањата на ковид протколите кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести.

– За споредба во октомври кога инспекторите немаа надлежности да забрануваат вршење на дејност поради непочитување на ковид протколите од вкупно извршени 6963 надзори и 6123 контроли беа изречени 37 кривични пријави против угостителски објекти кои не ги почитувале протколите, а во месец ноември по донесување на измените на законот констатирани се неправилности кај пет угостителски објекти, појасни Филиповска-Грашкоска.

Соопшти дека по скоро еден месец од стапувањето во сила на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести од страна на инспекторите од шесте инспекциски служби се извршени 10274 контроли и 5149 надзори. 

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ