• Latest

Преглед на настани: Претседатели на основни судови не поднеле анкетни листови, зголемен бројот на решенија за изолација, полициски час нема да промени ништо

November 27, 2020

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Претседатели на основни судови не поднеле анкетни листови, зголемен бројот на решенија за изолација, полициски час нема да промени ништо

November 27, 2020 17:52
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ДКСК: Поголем дел од претседателите на основните судови не поднеле анкетни листови

Антикорупциската комисија на денешната седница разгледа 18 предмети за претседатели на основи судови и по извршената проверка за следење на имотната состојба и судир на интереси согласно годишната програма за работа,  утврди дека голем дел од нив не ја почитуваат обврската за поднесување анкетни листови, а за двајца судии постапката е продолжена поради прибирање дополнителни информации.

-Добар број претседатели на судови не постапиле и не ја извршиле својата  обврска за поднесување на анкетен лист во определениот законски рок. Листата на претседателоте кои не ја исполниле својата обврска и за кои ќе  издадеме платни налози да се достави до Судскиот совет со информација поединчено за судиите за што станува збор. Оваа информација Судскиот совет треба да ја има и да ја користи во следњето на работата на судиите, рече на седницата која се одржува преку видео-конференциска врска Софка Пејовска Дојчиновска заменик претседател на Антикорупциската комисија.

 

 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Шиковска: Заслужуваме еднакво општество за сите

 

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Бучковски: Заев се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности

Интервју за ЦИВИЛ МЕДИА со универзитетскиот професор Владо Бучковски. Тој е поранешен премиер и два пати беше министер за одбрана, а своевремено беше и претседател на СДСМ. Македонија доби кандидатски статус за членство во ЕУ во 2005 година за време на неговиот мандат како премиер. Тоа е неговиот клучен успех во политичката кариера.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција изјави дека во земјите во регионот е забележително дека бројот на нови случаи од КОВИД-19 останува на високо ниво и дека многу благо се намалува, а бројот на смртни случаи останува висок на дневно ниво.

Филипче оцени дека полициски час по 21 часот нема ништо да промени бидејќи тогаш е прилично празно. Не работат угостителските објекти и забрането е групирање на јавни простори.

Не мислам дека главни осмислувачи и организатори на настаните во Собранието од  27 април 2017 година се Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите тука. Според мои сознанија овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски. Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи како сведок на прашање од Судот во однос на конститутивната седница во Собранието од 27 април 2017 година.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ја претставуваше Република Северна Македонија на 42-риот состанок на Советот на министрите на Организацијата за црноморска  економска  соработка, што претставува наше учество првпат на овој форум, откако земјата пред само неколку дена стана полноправна членка на оваа организација.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека прогласувањето на кризната состојба не значи дека граѓаните ќе гледаат зголемен број полицајци или војници по улиците заради спроведување на мерките, туку можност сите ресурси во државата да се искористат максимално во координација на сите надлежни органии и институции.

Од разговорот со инспекторите бев информиран дека драстично е зголемен бројот на издадени решенија за изолација на лица заразени со Ковид 19 и лица кои биле во контакт со заболени. Тоа е показател дека влегуваме во можеби најкритичниот период од пандемијата, истакна денеска вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, по средбата со инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Се чини дека шансите на Заев политички да го преживее своето, веќе прочуено, недоквакано интервју за БГНЕС нагло пораснаа, откако на теренот на домашната политичка сцена истрча најдобрата петорка во дресот на неговите доживотно огорчени непријатели. Во центарот на овој ол-стар тим е жизнерадосно разрипаниот Мицкоски, кому среќата неочекувано му се насмева во критичен момент за неговата проблематизирана политичка кариера. На крилните позиции за пробиви и крадење топки (а и мрежички од обрачите) се прославените сениори, аболиционистот Иванов и свежо смрзнатиот Црвенковски. Во улога на плејмејкер им е тешко подвижниот и позајмен од бугарската лига Каракачанов“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Кошмарен дрим-тим против Заев!“

„Дајте да бидеме реални. Какво фајде има нашата земја од „откровението“ на Бранко Црвенковски? „Папата“ во „стратешки“ момент решава да „проговори“ излегувајќи од длабоката сенка на својата баснословна претседателска пензија (иста како онаа на Ѓорѓе Иванов) и… Ништо. Сепак, изгледа дека сдсмовската „икона“ изгубила од својот сјај. И неговите најблиски му отсвирија аут, а неговиот повик СДСМ да се огради од изјавите на Заев за БГНЕС, неговата партија громогласно го отфикари по кратка постапка“, пишува Џабир Дерала во колумната „До вчера со каракачановци, денес најгласни Македонци“.

Не му дадоа збор на заедничкиот дебакл-протест, a Димче не пцуе и не ги стрела МВРО-ВМРО?

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

А. П. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ