• Latest

Филипче: Бројот на нови случаи со КОВИД-19 успорува, преносливоста е намалена

November 27, 2020
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Бројот на нови случаи со КОВИД-19 успорува, преносливоста е намалена

November 27, 2020 11:26
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција изјави дека во земјите во регионот е забележително дека бројот на нови случаи од КОВИД-19 останува на високо ниво и дека многу благо се намалува, а бројот на смртни случаи останува висок на дневно ниво.

„Сите земји се соочуваат со истиот предизвик, а тоа е практично менаџирањето на болничките капацитети, недостаток на болнички кревети и медицински персонал. Во Србија неколку дена по ред се бележат рекордни бројки, вчера имаа нови 7606 случаи, починале 51 пациент, во Хрватска 4009 новодијагностицирани, починати 51 пациент, во Словенија. која што е слична на нас по бројот на жители. во изминатите 24 часа има 1767 нови случаи, а починале 46 пациенти и бројот на хоспитализации е сличен како кај нас, накаде околу 1300 пациенти кои што се 215 во одделенијата за интезивна нега. Бугарскиот здравствен систем е практично совладан, од наглиот пораст на бројот на пациенти поради недостиг на медицински персонал, зголемен број на инфекции помеѓу лекарите и медицинските сестри , таму има 4300 случаи и повеќе од 6000 луѓе во болниците“, истакна министерот.

Филипче истакна дека согласно анализата на Институтот за јавно здравје, во текот на епидемијата од почетокот на ноември, процентот на позитивни од тестирани генерално се движи од 36 и 41%.

„Највисок процент на позитивни од тестирани 41,2% регистриран на 17 ноември, кога се регистрирани и најголем број на нови случаи 1407 и после тоа бројот на нови случаи попстепено и благо опаѓа. Во однос на бројот на нови позитивни случаи по недели, три недели во континуитет евидентираме прилично еднаква бројка, односно 7482, 7367 и 7393. Бројот на нови случаи успорува, практично сме на ниво на едно плато после период од две до четири недели на нагол пораст на бројот на новозаразени, што е доказ дека преносливоста е намалена, практично 1%“, изјави Филипче.

За жал евидентен е порастот на смртни случаи, вели Филипле, и на глобално ниво и кај нас по недели, од почетокот на месецот 111, 149 182 и 206.

„Она што охрабрува е дека расте бројот на оздравени во изминатиот период, евидентираме високи бројки од домашно легување, зголемен за 45%, продолжува и во текот на оваа година. Просек на хоспитализирани пациенти во изминатите две недели е околу 1280 пациенти, а процентот на хоспитализирани од вкупниот број на случаи е 6,7%, многу блиску до 7%“, изјави Филипче.

Во однос на болничките капацитети, министерот истакна дека во внатрешноста има близу 100 легла во сите оддленија во трите клинички болници Битола, Тетово и Штип, во останатите општи болници во државата.

„Во Скопје интезивно работевме во изминатиот период на почетокот на месецот во проширување на капацитетот на интерните клиники, и тука се обезбедени близу 200 кревети за болни од ковид, последна клиника која е целосно опремена и ставена во функција е клиниката за оториноларингологија, таму практично нема сместени пациенти, но, е место каде во кој било момент може да се хоспитализираат пациентите. На Инфективната клиника близу 160 пациенти, заедно до модуларната болница до „8 Септември, близу 110 во болницата во Козле 40 кревети и тоа што треба да биде дополнителен капацитет од приватните болници 100 кревети некаде на почекот на следната недела“, изјави Филипче.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ