• Latest

Бучковски: Заев се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности

November 27, 2020

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Бучковски: Заев се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности

November 27, 2020 14:33
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Владо Бучковски е универзитетски професор по римско право и видна политичка фигура. Тој е поранешен премиер и два пати беше министер за одбрана, а своевремено беше и претседател на СДСМ. Македонија доби кандидатски статус за членство во ЕУ во 2005 година за време на неговиот мандат како премиер. Тоа е неговиот клучен успех во политичката кариера.

Проф. Бучковски е уважен експерт, интелектуалец и политичар, чии анализи и пораки произлегуваат од неговото големо искуство. Во ова интервју тој одговори на четири важни и актуелни прашања.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се перспективите на С. Македонија во контекст на несигурните балкански соседи?

БУЧКОВСКИ: Северна Македонија нема алтернатива. ЕУ е нашата стратешка цел, затоа мора да се избориме за почетокот на преговорите со ЕУ. Евентуалната политичка криза во нашата држава (при опстојување на Бугарија на ветото и на декемврискиот самит на Советот на ЕУ), дополнително ќе ги искомплицира и така комплицираните состојби во нашиот регион на Западен Балкан. Да се потсетиме, евидентна е кризата на Косово по обвиненијата на Специјалниот суд против поранешните лидери на ОВК. Претседателот Хашим Тачи си поднесе оставка… Во Црна Гора се промовира нова Влада со многу контроверзии околу нивната прозападна (проевропска) ориентација… Босна и Херцеговина, федерацијата е на стаклени нозе… Република Српска е темпирана бомба! Албанија е во пресрет на парламентарните избори со длабока политичка поделеност на власта и опозицијата и отворен судир на Владата на Рама со Претседателот Мета. Србија навидум е политички стабилна, но верувам свесна дека без признавањето на независноста на Косово, нема шанси за членство во ЕУ.

 

ЦИВИЛ МЕДИА: Која е улогата на Русија во поглед на ЕУ интеграциите на С. Македонија?

БУЧКОВСКИ: Русија, според мене, е охрабрена од последните случувања во нашиот регион… Победата на опозицијата во Црна Гора, развојот на настаните на Косово, но и бугарското вето за нас, ги враќаат во игра алтернативните решенија за нашиот регион. Геостратешки, позициите на ЕУ, без забрзување на процесот на проширување, ќе слабеат, ќе се остави простор за поголема пенетрација на руското влијание, но и на кинеското.

ЦИВИЛ МЕДИА: Какво влијание има Русија во градењето на односите на нашата земја со соседите?

БУЧКОВСКИ: Јас никогаш не сум го потценувал и влијанието на Русија во бугарско-македонските односи. Сведоци бевме како заврши барањето на нашата православна црква, Бугарската православна црква да ѝ биде мајка! Рускиот патријарх Кирил го искористи своето влијание во синодот на БПЦ да не дојде до дополнително зближување на нашиот и бугарскиот народ! Полза од тоа имаше и Српската православна црква (пак таа оска Москва -Белград)!

ЦИВИЛ МЕДИА: Како ќе ги коментирате изјавите на премиерот Заев за БГНЕС и реакциите кои уследија?

БУЧКОВСКИ: Ние деновиве поминуваме низ една специфична катарза. По интервјуто на Заев за БГНЕС. Мене ова ми е веќе Deja Vu. Пред 14 години, кога по средба со бугарскиот премиер Станишев, проговорив дека доаѓа време кога врз основа на заедничката историја треба да градиме заедничка иднина со тоа што ќе почнеме заеднички да ги чествуваме Св. Кирил и Методиј и зошто да не и Илинденското востание, бев дочекан на нож од дел од медиумите. Имаше превирања и во самиот СДСМ, беа нарачувани колумни против мене, се ширеше говор на омраза. Денес повторно, но со посилен интензитет, се обвинува за распродавање на македонската историја друг (Премиер). Зошто? Затоа што, според мене, Заев од петни жили се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности!

 


Оваа содржина е отворена за преземање, со љубезна молба да се наведе изворот ЦИВИЛ МЕДИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ