• Latest

Северна Македонија првпат на министерскиот совет на ОЦЕС (BSEC)

November 27, 2020

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Северна Македонија првпат на министерскиот совет на ОЦЕС (BSEC)

November 27, 2020 13:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ја претставуваше Република Северна Македонија на 42-риот состанок на Советот на министрите на Организацијата за црноморска  економска  соработка, што претставува наше учество првпат на овој форум, откако земјата пред само неколку дена стана полноправна членка на оваа организација, пренесува МИА.

Како што соопшти МНР, во своето обраќање министерот ги изнесе придобивките и можностите кои ги нуди членството во Организацијата за црноморска економска соработка за земјите членки особено во економската сфера преку промовирање на духот на пријателство и добрососедство и особено продлабочување на взаемното почитување, доверба и соработка во поширокиот Црноморски регион.

-Северна Македонија, како најнова членка на ОЦЕС активно ќе придонесува во исполнување на целите на Организацијата и ќе  се залага кон зголемување на нејзината ефикасност преку постигнување на конкретни економски резултати особено во областа на транспортното поврзување и енергетиката преку конструктивна регионална соработка. Оваа организација, која покрива три различни региони – Балканот, Кавказот и Црното Море, со површина од 20 милиони квадратни километри, за нас е многу важна, особено ако се има во предвид обемот на трговијата во рамки на ОЦЕС кој изнесува приближно 170 милијарди долари годишно, но и втор најголем извор на нафта и природен гас по регионот на Персискиот Залив, со што претставува еден од главните снабдувач на енергија за Западна Европа, истакна Османи.

Во своето обраќање, Османи подвлече дека заедничката цел на сите земји членки е економски просперитет преку унапредување на меѓу-поврзувањето, при што дополни дека иако се соочуваме со сериозни здравствени и социо-економски последици од кризата предизвикана од Ковид-19 не смееме да останеме инертни и препуштени на судбината, туку преку активен ангажман како што е нашето зачленување во оваа нова форма на регионално економско поврзување да придонесеме за зголемување на можностите за нашите компании и бизниси, да им отвориме пазари и да ги поврземе со нивните потенцијални партнери во земјите со кои досега сме имале помалку интензивни врски и размена.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ