„Од политички и етнички мотивирани тензии губи целото општество. Најмногу губат граѓаните, но и сите институции на системот. Затоа што политичките, етничките кризи создаваат блокада, спречуваат економски развој, инвестиции, придонесуваат за апатија, сиромаштија, иселување на младите… Изминативе децении имавме повеќе кризни периоди, кои придонесоа за сите гореспоменати состојби. Повеќе не смееме да дозволиме такви сценарија. Во ек сме на светска пандемија, која ќе има повеќегодишни последици на сите нас. А, домашните тензии и немири се сериозен „луксуз“ за спасување на нечија кариера или лишување од одговорност. Што повеќе е недозволиво, неодржливо и крајно себично“.
Стефан Богоев, градоначалникот на Општина Карпош
14 октомври 2020 година