Не е воопшто спорно, ниту е некаков проблем да се констатира лесно дека радикалните агенди, сите, а особено овие кои што се врзани за идентитетските проблеми како што се темите во сферата на етничките односи, идентитетските проблеми, во смисла на своите културни припадности и така натаму. Доколку се третираат на еден екстремен начин, произведуваат атмосфера која што е исклучива, која што се потпира врз непријателства, врз омраза и така натаму. Во таа смисла, играњето со национализмот е многу опасно играње, не само затоа што ние во последните три четириесет години во овој дел на светот, на Балканот тоа може да има и крвави последици, да се водат војни на тие теми, и затоа што светот па и регионот веќе одамна сака да се помести во една друга сфера на принудување на таквите односи на интегрирање во еден европски контекст, кој што подразбира натпревар во други теми, иновативност во соработка, кој што подразбира споделување на одредени реалности без потреба да се прават конфронтации и да се создаваат непријателства.
Сашо Орданоски
Интервју за инцијативата „Обединети во различноста“: Играњето со национализмот е многу опасно, евроинтеграциите подразбираат соработка, а не конфронтации
26 ноември 2020
Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ, не секогаш ги одразуваат оние на донаторите на ЦИВИЛ. Ставовите изнесени во изјавите, интервјуата, анализите и колумните, се одговорност исклучиво на Автор(к)ите.