• Latest

Смартфоните ќе дијагностицираат коронавирус

December 5, 2020

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Смартфоните ќе дијагностицираат коронавирус

December 5, 2020 15:01
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Камерата на секој паметен телефон ќе може да дијагностицира присуство на коронавирус, соопштија група научници од калифорниските универзитети во Беркли и Сан Франциско, нагласувајќи дека уредот за тестер развиен од нив е компатибилен со сите масовно произведени апарати.

– Развивме тестер кој во суштина е едноставен и ја елиминира потребата од сложена и скапа опрема. Нашиот пронајдок ќе им овозможи на здравствените работници брзо да извршат анализа со земање редовен примерок со брис од назофаринксот, сликање на истиот и доставување до чувствителниот сензор на тестерот, истакна Даниел Флечер, главен автор и биоинженер на калифорнискиот Универзитет Беркли.

Флечер, во соработка со вирусологот Мелани От, од Институтот Гладстоун при Универзитетот во Сан Франциско, и добитничката на Нобеловата награда, д-р Џенифер Дудна, развија сличен метод за брзо дијагностицирање на ХИВ во речиси домашни услови пред околу две години. Почетокот на пандемијата на коронавирусот ги поттикна научниците да развијат нов апарат, способен за откривање нови вируси со помош на оптички инструменти, вклучително и SARS-CoV-2.

Тестот, за кој не треба да помине повеќе од половина час, се базира на таканаречената технологија CRISPR-Cas, со која РНК (рибонуклеинската киселина) се открива директно поради нејзиното врзување со ензимот Cas13, заобиколувајќи ја сложената технологија за откривање со PCR, што моментално се користи во повеќето лаборатории во светот.

Анализата не само што ќе го утврди присуството на Ковид-19, туку исто така ќе го одреди и неговото количество.

– Како научници, за нас е многу важно да имаме претстава за количеството на вирусот во телото на субјектот, додава От.

Тестерот претставува проѕирно куќиште во кое се наоѓа флуоресцентен детектор осветлен со ласер. Врз него се поставува паметниот телефон и започнува процесот на пребарување на вирусот. Истражувачите планираат да ја прилагодат техниката на пошироко откривање не само на Ковид-19, туку и на други вируси.

– Поедноставувањето на техниките за тестирање ќе овозможи поставување детектори во аптеките, клиниките и болничките чекални, вели От, додавајќи дека „најновиот уред не е дел од самиот телефон, туку ја користи само неговата камера, што го прави тестирањето полесно и поевтино“

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ