• Latest

ЦИВИЛ: Борбата против корупцијата е борба за демократија и човекови права

December 9, 2020
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ЦИВИЛ: Борбата против корупцијата е борба за демократија и човекови права

December 9, 2020 11:02
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот ден во борба против корупцијата, 9 декември, ја означува континуираната борба против најголемиот непријател на владеењето на правото, но и на демократијата и човековите права. Тоа подразбира и секојдневен напор да се спроведуваат транспарентни и одговорни политики лишени од партиски и политички влијанија.

ЦИВИЛ со години интензивно ја следи корупцијата, особено политичката корупција, која излегува надвор од своите маргини, како по правило, за секој изборен циклус. На Меѓународниот ден на борбата против корупцијата ЦИВИЛ повикува принципиелност, одговорност и транспарентност на сите институции, потсетувајќи дека Законот важи за сите подеднакво и дека никој не смее да полага право на привилегираност само затоа што е на некоја функција.

ЦИВИЛ останува буден и активен, како во мониторингот, така и во преземањето конкретни чекори и иницијативи во насока на јакнење на јавната свест и барање за целосна посветеност во борбата против корупцијата.

Од денешна перспектива, според оценките на релевантни домашни и меѓународни извештаи и анализи, Северна Македонија бележи голем напредок, од заробена држава во која царуваше партиската коруптивна клика на авторитарниот режим, до отворена влада и зајакнати институции во кои се забележува политичка волја, политики и практики од кои се гледа подготвеноста на системот да се соочи со корупцијата и криминалот.

За жал, и покрај силните напори на сите нивоа и во сите сектори на општеството и системот, предизвиците во борбата против корупцијата остануваат. Пред светот, а така и пред Северна Македонија, претстои долг пат кон надминување на погубните последици од корупцијата во општеството и во институциите.

Пораката на ЦИВИЛ била и останува иста: Борбата против корупцијата е борба за демократија и човекови права.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 


ЦИВИЛ редовно објавува анализи, колумни, интервјуа и други медиумски содржини за борбата против корупцијата. Само еден од примерите за прилозите на ЦИВИЛ е и публикацијата „Антикорупција“, избор од содржини објавени во рубриката СЛОБОДНА ЗОНА, објавени од крајот на 2017 до средината на ноември, 2018 година.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ