• Latest

Според СДСМ ветото на Бугарија е штета на европските вредности, за ВМРО-ДПМНЕ виновен е Заев

December 9, 2020

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Според СДСМ ветото на Бугарија е штета на европските вредности, за ВМРО-ДПМНЕ виновен е Заев

December 9, 2020 12:15
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Ветото на Бугарија е стратешка грешка на штета на европските вредности, нашата македонска иднина е во ЕУ. Неодобрувањето на преговарачката рамка за Република Северна Македонија од страна на Република Бугарија е на штета на осовните принципи и вредности на кои почива Европската Унија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека со таквиот потег Бугарија застанува на патот на нашата европска интеграција, за која претходно институциите на ЕУ  и сите останати земји членки одделно, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдиле дека целосно ги исполнуваме условите.

„Северна Македонија никогаш нема да се откаже од правото на самоопределување на македонските граѓани кое е гарантирано со Повелбата на ООН, Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права, Лисабонскиот договор и темелните вредности на Уставот на Република Северна Македонија. Македонскиот национален идентитет не беше, не е и во ниту еден случај нема да биде предмет на преговори и разговори“, се вели во нивното соопштение.

Македонскиот народ и македонскиот јазик се столбовите на нашиот македонскиот идентитет. велат од СДСМ, и додаваат дека поради ветото нема да дозволат застој на внатрешните реформи.

И од Влада вчера соопштија дека процесотот како стратешка цел на ЕУ го запре Република Бугарија како членка на ЕУ и дека станува збор за неодговорна и тешка геостратешка грешка.

„Во март, Советот на ЕУ даде едногласно зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија. Сите земји-членки на ЕУ се согласија на тоа, вклучително и Бугарија. Во исклучително позитивниот извештај од Европската комисија за реформскиот напредок ние сме подобри од другите земји кандидати, па дури и понапред од некои земји кои веќе преговараат. Нашите резултати и капацитети и нашата подготвеност за почеток на преговори се неспорни. Неодобрувањето на преговарачката рамка е на штета на фундаменталните принципи и вредности на Европската Унија“, стои во владиното соопштение.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ ветото е поради неспособност на премиерот Зоран Заев.

„Заев е виновен затоа што со неговата непромислена политика на ветување на се и сешто тој ги ослаби македонските позиции трајно и не доведе во ситуација било кој да се осмели да бара што и да посака. Заев отвори проблем кај што го немаше. Пред Заев Бугарија немаше проблем, ниту помислуваше да бара од Македонија откажување од идентитетот, јазикот и историјата, бидејќи тоа е наше неотуѓиво право. Зоран Заев во изминатиов период стави на маса теми за кои не се преговара. И со тоа и наштети на Македонија трајно.“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Бугарија стави вето за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, и со тоа го попречи носењето одлука и за Албанија.

А. П. 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ