• Latest

Николовски: Правата кои ги имаат функционерите не можат да останат без контрола

December 10, 2020
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Николовски: Правата кои ги имаат функционерите не можат да останат без контрола

December 10, 2020 15:40
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик премиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, на Конференцијата за човекови права, правда и антикорупција „Следна Станица: Европа“ во организација на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на човековите права истакна дека во борбата кон правично општество и борбата против корупцијата Владата поставила јасна цел и темели во четири годишната програма, да гради систем кој одвраќа од злоупотреби на корупција и јасно ја лоцира одговорноста.

„Започнуваме отворена битка во која некој што го прекршил Законот нема да биде иземен од одговорност, заедно со мојот кабинет сме решени да работиме на мерки и активности кои ќе придонесат во спречувањето на корупцијата. Процесот не е лесен и факт е дека не може нешто што со години се толерирало да се реши веднаш, но затоа за ефикасни мерки и резултати потребна е вклученост на сите чинители, не само на надлежните институции туку и на невладиниот и приватниот сектор, на медиумите и граѓаните“, истакна Николовски.

Николовски додаде дека во изминатите три месеци успеале да преземат дел од важните мерки за превенција и борба со корупцијата, но дека имаат уште многу работа.

„Прво што започнавме воведовме пракса за интезивна кооринација и меѓуинституционална комуникација на едно место на сите институции надлежни токму за борбата против организираниот криминал и корупцијата. Од одржани состаноци со сите институции заеднички детектиравме многу слабости и проблеми на кои ќе работиме во периодот што следи. Инспекциските служби се важен контолорен механизам за спроведување на законите, уредбите и протоколите, затоа воспоставивме интезивна координација со инспекцискиот совет, во насока на поефикасни контроли со законски измени ги зголемивме надлежностите на сите инспекциски служби. новите измени ја оправдаа целта, а резултатите се видливи. Новиот контролен механизам кој го имаат сега инспекторатите има и превентивна улога, се намалуваат прекршоците на законите, мерките, но и на субјектите кои мислеа дека можат да ги прекршуваат законите, а притоа да немаат одговорност“, додаде Николовски.

Николовски додаде дека со новиот Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и функционерите именувани од Владата, покрај министрите и замениците, се опфатени сите функционери именувани од Владата.

“На овој начин ќе ја зголемиме транспарентноста и отчетноста на сите функционери и институции и ќе покажеме дека Законот важни подеднакво за сите, дека не постои селективност во неговата примена. Транспарентноста и отвореноста се половина од борбата против корупцијата, затоа Владата донесе одлука со која сите надлежни институции, вклучително и општините и градот Скопје се обврзани во рокот од 30 дена да ги објават јавно на своите веб страници сите документи и информации поврзани со нивната работа. Функционерите се лицето на државата и тие треба да се најдоброто од нас, затоа и правата кои ги имаат тие функционери не можат да останат без контрола. Формиравме работна група чиј што приоритет е да ги ревидира дискреционите овластувања кога станува збор за именување на функционерите’, додаде Николовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ