• Latest

Рестораните од денеска ќе работат до 18 часот, забранети се прослави, собири и групирања

December 18, 2020

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Рестораните од денеска ќе работат до 18 часот, забранети се прослави, собири и групирања

December 18, 2020 10:32
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска почнува примената на рестриктивните мерки што ги донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на коронавирусот. Со мерките кои ќе бидат во сила до 20 јануари, работното време на угостителските објекти се скратува до 18 часот, а се забранува и организирање и одржување прослави на претстојните новогодишни и верски празници. Овие мерки, според надлежните, имаат за цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид – 19 во престојниот период на празници.

Мерките не дозволуваат ниту организирање Нова Година на отворен и затворен простор од физички и правни субјекти. Ова се однесува и на јавните институции, поради што на општините и на сите организации основани од локалната самоуправа им се укажува дека освен што е забрането секакво групно собирање и организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, треба да се откажат и прославите што се веќе евентуално закажани.

Во рестриктивните мерки е вклучена и забраната за хотелите за организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници. И тие, ако веќе имаат организирано новогодишни прослави, треба да ги откажат.

 

Во угостителско-сместувачките објекти (хотели, мотели, хостели) и нивните ресторани се ограничува работното време до 21 часот. Тие ќе може да работат исклучиво за пансионските гости и само за време на послужување на оброците. Се ограничува работното време и во кафетериите, баровите и шанковите во угостителските сместувачки објекти до 18 часот.

Со новите мерки се забранува и изнајмувањето викендици и други туристички капацитети за сместување, за групно собирање и организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, освен за лица од едно, исто семејство.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски посочи дека МВР превентивно реагира уште сега до сопстевниците на викендици што планираат да ги издаваат за претстојните празници, за да знаат што може да ги очекува таму каде што тоа ќе се случува. Веќе, рече тој, се изготвени сите планови за засилени контроли.

-Тоа ќе го направиме веќе од нареднава недела и во текот на новогодишната ноќ, така што за полицијата ќе има многу работа, меѓутоа здравјето и животот на граѓаните мора да ни биде врвен приоритет. Полицијата ќе постапува врз основа на сите дозволени норми и правила коишто се врз основа на Законот, истакна вчера Спасовски.

Рестриктивните мерки, посочи министерот никој не ги посакува во Владата, се непопуларни, меѓутоа, како што потенцира, се неизбежни во овој период.

„Нема никаква забрана за издавање на викендица на семејства и едно семејство да може да биде во некоја викенд-куќа каде било на територијата на нашата земја, меѓутоа секако дека е кривично дело издавање на викендици на групи на луѓе. Не е идејата да донесеме одлука дека рестораните, хотелите итн. не можат да работат по 18 часот, се со цел да помогнеме во спречувањето на ширењето на коронавирусот, а од друга страна да отвораме нови такви објекти да ги имаме и во околината на Скопје, претежно во Сопиште или во Маврово, или во Охрид, или во Струга или во кое било од туристичките места.  Зошто би била забраната за рестораните и хотелите ако тоа може да го прават некои во викендиците? Ние како МВР сериозно работиме, имаме оперативна акција во делот на издавањето на викендиците, во делот на вакви кривични дела веќе постапуваат колегите“, рече Спасовски.

Тој додаде дека ќе се постапува врз основа на сите дозволени норми и правила коишто се врз основа на Законот. -Секако дека таму каде што имаме сознанија дека има групирање на лица во издадени викенд-куќи, ќе се направи увид и ќе се поднесат соодветни пријави. Реков дека ова е кривично дело за директно загрозување на животот и здравјето на граѓаните, појасни министерот.

Надлежните апелираат сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита кои се веќе на сила и оние кои почнуваат да се применуваат денеска. Со ова, нагласуваат, ќе спречиме ширење на коронавирусот, го штитиме соственото здравје и здравјето на најблиските, но исто така придонесуваме да има помал наплив на пациенти во здравствените установи.

Во насока на мотивирање на здравствениот персонал кој се грижи за Ковид-19 болните министерот за здравство Венко Филипче при вчерашната посета на Клиничката болница во Штип, најави дека 7.600 вработени во јавното здравство кои работат со ковид пациенти ќе добијат еднократна награда од 30 илјади денари.

 

„Инвестираме во инфраструктура, медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите. По имплементирањето на таа политика, сега за новогодишните празници сите вработени во јавно-здравствените установи кои работат со ковид пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничарите, транспортерите, техничките лица кои работат во тие одделенија каде се лекуваат пациенти со Ковид-19, ќе добијат еднократна награда. Станува збор за 7.600 вработени во јавното здравство кои ќе добијат по 30 илјади денари“, посочи Филипче.

ИЈЗ вчера соопшти дека се бележи пад на бројот на новозаразени и на починати во изминатата недела. Во кови-центите низ земјава, пак, во моменто се лекуваат вкупно 1275 пациенти. Во ретходното деноноќие се направени 2347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи на Ковид-19, починале 31, а 920 се оздравени.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 76251, оздравени се 52413, а битката со вирусот ја изгубија 2225. Активни случаи во моментов има 21613.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ