Британската централна власт објави податоци за договори поврзани со пандемијата во вредност од $22 милјарди долари доделени во периодот од јануари до ноември. Многу други договори остануваат тајна.
Земени заедно, скоро половина од тие $22 милијарди отишле во компании со политички врски, без никакво претходно искуство или со историја на контроверзии.
Околу $5 милијарди отишле во политички поврзани компании. Некои имаа поранешни министри и владини советници во состав на вработените. Други донирале на Конзервативната партија.
Околу $6 милијарди отишле на компании кои немале претходно искуство во снабдување со медицинска опрема за лична заштиа. Модни дизајнери, заштитници од штетници и јувелири добија профитабилни договори.
Повеќе од $5 милијарди биле доделени на компании со историја на контроверзии, од затајување на данок и измама до корупција и злоупотреба на човекови права.
Но, тоа е само половина од приказната. Невозможно е да се знае колку владата има потрошено на набавки за Ковид-19.
The New York Times/ превод: Н. Цветковска










