• Latest
Филип Стојановски, Метаморфозис/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Стојановски: Улогата на новинарите е клучна во борбата против инфодемијата

December 21, 2020

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Стојановски: Улогата на новинарите е клучна во борбата против инфодемијата

December 21, 2020 11:21
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО
Филип Стојановски, Метаморфозис/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Филип Стојановски, Метаморфозис/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Филип Стојановски од Метаморфозис на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Пандемија и инфодемија“ која се одржа на 1 декември, истакна дека улогата на новинарите е клучна во борбата против инфодемијата и дека новинарите треба да ги препознаат дезинформациите, бидејќи бевме сведоци како случаи на дезинформации предизвикаа немир или тензии во нашето општество, поради содржини кои се пуштени од центри на моќ. Таквите манипулативни содржини претежно не поминуваат низ новинарските филтри за да се проверат дали се релевантни.

„Имаме медиуми кои откако ќе објават некоја дезинформација, потоа не објавуваат корекција, а би требало дури и да бараат извинување до читателите кои ги измамиле. Слично постапуваат и луѓето кои шират лажни вести. Граѓаните учат од медиумите како да постапуваат, односно, ако медиумите постапуваат неетички создаваат простор во кој неетично однесување станува норма“, вели Стојановски.

Тој додава дека имаше дезинформации дека Грција и Албанија ги затвараат границите само за одредени етнички заедници. Дел од медиумите откако ќе ширеа лажни вести и дезинформации потоа ја отстрануваа содржината, односно ја бришеја трагата како некој злосторник, меѓутоа на Тајм.мк останува трага дека била објавена таква вест.

„Да бевме во други времиња медиумите ќе имаа список на заболени и ќе ги објавуваа имињата, но за среќа не беа објавени личните податоци на пациентите кои се заразени со Ковид-19.  Имаше повици да се објавуваат заболените од која општина се, која етничка припадност се, и тоа предизвика говор на омраза на социјалните мрежи кон одредена етничка или верска заедница.

Верските лидери како да се натпреваруваа кој повеќе нема да ги почитува препораките за време на верските празници и тоа на некој начин индиректно доведе до ширење на заразата“, потенцира Стојановски.

Тој нагласи дека поверката на факти не треба да е посебен жанр, туку треба да биде интегрален дел од новинарската дејност.

„Според истражување на Критинк, на 95 отсто од новинарите кои учестувватле во анкета им треба едукација за медиумска писменост, бидејќи ситуацијата со новите технологии е променлива и треба да се научиме на нив, тие вештини да се вградат во основното, средното и високото образование, особено за новинарите“, истакна Стојановски.

Тој додава и дека проверката на факти е само една гранка на новинарството, бидејќи е увидено дека не е единствено решение, потребно е заздравување на целиот систем, сите форми на новинарството, и доколку функционираат како што треба, би биле штит и јавен сервис.

„Сигурно не можеме да ги покриеме сите дезинформации што поминуваат во еден ден, премалку луѓе работат на тоа, премалку средства има за тоа“, нагласи Стојановски.

Д.М.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ