Универзитетската професорка Беса Арифи за Перспективи 2021, со свое гледање за трендовите и препораките што таа мисли дека би можеле да бидат во следната година.
– Бевме дел од низа одлуки коишто беа од политички карактер, а понекогаш знаеа да навлезат и во правните приоритети на коишто не дека не се работеше, туку не можеше да се очекуваат резултати во однос на тие политички обврски кои ги имаше државата особено до зачленувањето во НАТО, а и со другите случувања во рамки на патот кон Европската Унија. Мислам дека кога ќе се стави под контрола кризата со Ковид – 19, во 2021 година правдата веќе треба да биде приоритет, да се воспостави правда и за минатите случаи, коишто се уште не гледам дека имаат правосилен завршеток, но, и да се отворат и завршат темите за коишто веќе доволно долго се зборува, и да се премине во практично спроведување на тие заложби, а коишто се поврзуваат со правдата и правосудството.