На конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2021, новинарот Војо Маневски, ТВ Ирис, зборуваше за економските, но и медиумските перспективи за 2021 година, како и очекуваните реформи во повеќе сфери од нашето политичко и општествено делување.
„Новата година ќе биде обременета со она што го наследивме од 2020, пандемијата, државните мерки, личните наши дисциплини, начинот на кој што сето тоа го восприемаме, не е никаква поголема памет човек да каже дека интензивноста е на повисоко ниво, нервоза во општеството, како ги примаме вестите, но сосема е разбирливо, не е само кај нас, туку секаде во светот…
Освен борбата против пандемијата, на економски план очекувам вистинското скенирање на состојбата во нашата економија да биде некаде на истекот од првиот квартал, бидејќи ние и официјално сме во рецесија… Ќе биде на преиспитување и економскиот модел кој досега го имавме како преовладувачки, а тоа е базирањето на потрошувачката. Економистите велат дека ние ќе имаме раст од два отсто и да немаме крупни вложувања во индустријата. Очекувам веќе во вториот квартал да се види што е тоа што останало здраво во економијата во кое може да се инвестира, а што е она што се одржало, но тешко дека ќе може да се ревитализира“, ијзави Маневски, зборувајќи за економските проекции за наредната година.