Земјотрес во Хрватска. Најпогодена од најновиот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е гратчето Петриња, оддалечено 46 километри од главниот град Загреб.
Фотографијата е од хрватскиот град Петриња, преземена од профилот на хрватската организација Солидарна која на Фејсбук објави повик за хуманитарна помош на подрачјата погодени од земјотресот.