• Latest

Бојан Маричиќ во „Перспективи 2021“: Попречувачите на правдата не може да бидат дел од правосудниот систем

January 5, 2021
ЌЕ ЈА БИДЕ ЛИ? Ни треба реална проценка, а не „видовити“ политички прогнози

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

July 30, 2026

ЦИВИЛ бара деполитизација на кризата со водата и обединување во заштитата на здравјето

July 30, 2026

Водата меѓу политиката и кризата – неопходна сеопфатна заштита на здравјето и квалитетот на водата

July 30, 2026
Илустрација ВИ

Во сенка на дневната политика, Изборниот законик остана отворено прашање

July 30, 2026

Прашањето на денот на ЦИВИЛ за изјавата на Мицкоски за економскиот раст останува исто и денеска – над 54.000 прегледи и повеќе од 5.000 ангажмани за 23 часа

July 30, 2026
Днипропетровск, Украина, 30 јули 2026 (фото извор: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Агресорот ја нападна Украина со 70 ракети и 280 дронови – загинати цивили меѓу кои и три деца

July 30, 2026

Зеленски во Вашингтон: Одбранбена автономија, нови санкции и разбивање на руските хибридни операции

July 29, 2026

Оленивка: Масакрот врз украинските заробеници, руските лаги и четири години борба за правда

July 28, 2026

Од „Нежната сингуларност“ до „веќе сме во неа“: Една година подоцна, Алтман ја надградува пораката, суштината останува иста

July 28, 2026
Сем Алтман, ТЕД, 2025 (фото извор: Википедија)

Нежната сингуларност

July 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Бојан Маричиќ во „Перспективи 2021“: Попречувачите на правдата не може да бидат дел од правосудниот систем

January 5, 2021 16:48
in ВЕСТИ, ПРАВДА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Бојан Маричиќ, министер за правда на конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2021“, зборува за предизвиците, но и активностите на Министерството за правда во подобрување на правниот систем во нашата земја:

„Сите луѓе се исти пред законот и сите имаат право на еднаква законска заштита. Целокупната работа на Министерството за правда е во насока на заштита и унапредување на човековите права, а особено значајна е еднаквоста пред законот. Поголема заштита на човековите права можеме да обезбедиме единствено со независни и непристрасни судови и обвинителства кои ќе бидат ослободени од какви било влијанија

Се наоѓаме на самиот крај на подготовката на стратегијата односно методологијата за прочистување на судството и обвинителството. Не случајно го спомнувам овој процес како еден од клучните за изградба и враќање на независноста и непристрасноста на правосудниот систем, што претставува основна претпоставка за владеењето на правото затоа што правдата значи заштита на човековите права. Попречувачите на правдата не може да бидат дел од правосудниот систем и да носат пресуди во името на граѓаните, не можат да ги штитат и унапредуваат нивните права.  Потребно е да утврдиме временска рамка односно рокови во кои ќе се изврши ова прочистување и ќе се одвојат чесните од нечесните судии и обвинители. На 28 декември Советот за реформи во правосудството ќе ја усвои Методологијата по која ќе се изврши прочистувањето преку која Судскиот совет и Советот на јавни обвинители како одговорни тела ќе направат прочистување во своите редови.

Многу меѓународни извештаи посочија за одредени состојби во правосудството за која е потребно да видиме дали има намерно заташкување, намерно нивно застарување, неправедно постапување или недоволна заштита. Сепак, сметам дека има светло на крајот на тунелот.

Не случајно Европската комисија има зборови токму за проактивната улога на судскиот совет. Ова се однесува особено во делот на примената на новите правила за именување и унапредување на судиите, како и за утврдување на дисциплинската одговорност и нивно евентуално разрешување. Во периодот од 2019 и 2020 година се разрешени 8 судии, а согласно информациите од Судскиот совет има постапки за уште 83.  Ако сакаме да успееме и да станеме модерна европска држава, правда едноставно мора да има и тоа еднакво за сите. Само така може да се зголеми довербата на граѓаните во судството и обвинителството. Преку разрешница на крупни судски случаи со големите риби“.

монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ