На конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2021“, со обраќањетона Бојан Маричиќ, министер за правда, потсетивме на идните планови на Министерството за правда и перспективите во однос на правдата и правосудството.
„Не случајно Европската комисија има зборови токму за проактивната улога на судскиот совет. Ова се однесува особено во делот на примената на новите правила за именување и унапредување на судиите, како и за утврдување на дисциплинската одговорност и нивно евентуално разрешување. Во периодот од 2019 и 2020 година се разрешени 8 судии, а согласно информациите од судскиот совет има постапки за уште 83. Ако сакаме да успееме и да станеме модерна европска држава правда едноставно мора да има и тоа еднакво за сите. Само така може да се зголеми довербата на граѓаните во судството и обвинителството“, изјави Маричиќ.