• Latest

Според ВМРО, во предност е… ВМРО! Уште една аматерска грешка на агитпропот, со стар датум на кој изгубија избори

January 10, 2021

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Според ВМРО, во предност е… ВМРО! Уште една аматерска грешка на агитпропот, со стар датум на кој изгубија избори

January 10, 2021 18:42
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај честите гафови и бисери како што се „Да живее Зоран Заев“ на портпаролот Димче Арсовски, „јас сум на браникот на криминалот“ од (формално) првиот човек на партијата, Христијан Мицкоски (и многу други), ВМРО-ДПМНЕ, сепак, би требало да може подобро и поквалитетно да лаже. Со сите ресурси што им се на располагање, и познати и непознати извори на финансирање, со сета „техничка“ помош што ја добиваат од пропагандните центри од источна и централна Европа – вмровците сè почесто паѓаат на исклучително ниско ниво на ефикасност во формулирањето и пласирањето на лажните вести и црна пропаганда.

Една од нив е и денешната вест за „истражувањето“ на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Овој текст се објавува малку подоцна во денот, бидејќи на авторот на овие редови му беше потребно време да престане со смеење, па да седне да пишува. Во меѓувреме, на социјалните мрежи и на интернет медиумите веќе имаше многу смеење и подбив, што може да се сведе и на еден твит кој вели: „според вмро – вмро е во предност“. Токму така!

„Куририте“ денеска објавија дека Институтот СИА ВИСТА, спровел анкета на прашањето „За која партија би гласале доколку изборите се утре“, па велат дека „за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 22,3 отсто од испитаниците, додека СДСМ ја ужива довербата од 18,4 отсто од гласачите“. Според анкетата, „Левица со 4,9 отсто е третата партија од македонскиот табор“. „Убедлива предност за ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во дел од вмровските портали.

Овој „институт“ е класичен спин-оф на ВМРО-ДПМНЕ, какви што сме виделе на десетици во изминатите години. Не е познато дали имаат веб страница, а таков податок нема ниту на нивната Фејсбук страница. Како и да е, првенци на оваа „мала група ентузијасти“ се Ефтим Клетников, Ламбе Арнаудов (вмровски ветеран) и неколку слични ликови чиј крај на папочната врвца им е во „белиот дворец-дивоградба“.

Сиа Виста

Тоа не е крај на неделната утринска гротеска што ја приреди вмровската пропаганда. Првиот мејл кој стаса од „институтот“ е со прашање во кое стои датумот 15 јули!

Поточно, првото прашање кое, наводно, им било поставено на 1.523 испитаници, според соопштението, гласи:

„За која партија би гласале, на изборите што ќе се одржат на 15 јули?“

 

Кој 15 јули? Тоа помина! Како тоа прашувале во декември и на почеток на јануари оваа година, а прашувале за 15 јули минатата година? И тоа на датумот на кој ги изгубиле изборите! Значи, и да постоело такво истражување во јули, било погрешно. Зошто да се рециклира сега?

Како и да е, некој им кажал дека направиле грешка, па само малку подоцна, поточно, во 12:41 часот денеска испраќаат нов текст, со „исправка“, односно прашањето е преформулирано во: „За која партија би гласале доколку изборите се одржат утре?“

Разбирливо, грешките на институтот „Аста ла виста бејби“ што ни аматери не би ги направиле, „не ја забележува“ познатата мрежа од пара-медиуми кои цел ден ја лиферуваат оваа лажна информација на ВМРО-ДПМНЕ за самото себе, според принципот „направи сам“.

Џабир Дерала

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ