• Latest

Нема конкретен рок за достава на потребните вакцини надвор од ЕУ, фон дер Лејен вели во „најкраток можен рок“

January 22, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нема конкретен рок за достава на потребните вакцини надвор од ЕУ, фон дер Лејен вели во „најкраток можен рок“

January 22, 2021 09:19
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не беше во можност да даде конкретен рок кога Западниот Балкан може да очекува вакцини преку ЕУ или преку механизмот Ковакс, јавува МИА.

На прашање од МИА дали може да каже јасно кога ќе пристигнат ветените вакцини во регионот, Урсула фон дер Лајен одговори дека тоа ќе се случи „најбрзо што може“ и увери дека солидарноста со третите земји останува приоритет за ЕУ.

Ковакс механизмот, кој има за цел да им помогне на земјите со низок и среден приход, да дојдат до потребните вакцини, иако добива највеќе фондови од ЕУ сѐ уште не е функционален. Поради ова, Европската комисија се заложи дека ќе воведе втор механизам за споделување на вакцини со третите земји, вклучително и западниот Балкан, но ниту за овој нов механизам нема конкретен рок за достава на потребните вакцини надвор од ЕУ.

– Очигледно е дека е комплицирано за Ковакс да набави вакцини, затоа воведуваме нова рута преку механизам на ЕУ за набавка на дози преку земјите членки на Унијата, кои потоа ќе можат да ги донираат на трети држави како земјите од Западниот Балкан на пример, изјави Фон дер Лајен.

Претседателката на Еврокомисијата порача дека на денешниот лидерски состанок истакнала оти вакцинирањето надвор од ЕУ е во интерес на сите земји членки на Унијата, затоа што „колку подолго циркулира вирусот, толку е поголем ризикот од нови мутации“.

– Други делови од светот се чувствуваат запоставени, ние инвестиравме во Ковакс од почеток и ова останува најдобрата рута, но има недостиг на вакцини, порача шефицата на европската извршна власт.

Фон дер Лајен увери дека новиот механизам на ЕУ кој треба да се користи додека Ковакс системот не стане функционален, нема да доведе до проблеми во националните планови за вакцинација на населението на земјите членки на Унијата.

ЕУ, исто така, ги потсети фармацевтските компании дека треба да ги почитуваат и остварат ветените достави на вакцини.

Лидерите на ЕУ вчера се согласиле дека доколку некои земји членки оценат дека треба да ги ограничат внатрешните и прекуграничните патувања, тоа е нивно право, но дека е потребна максимална координација на европско ниво за да се избегне хаотичната состојба од првиот бран.

– Целосно сме убедени дека границите треба да останат отворени за да се обезбеди функционирањето на внатрешниот пазар, но и дека несуштинските патувања треба да можат да бидат ограничени, порача претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Лидерите се осврнале и на можноста за сертификати за вакцинација и се согласиле дека треба да се биде внимателен со оваа идеја и да се почитуваат препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

Фон дер Лајен нагласи дека барањето на овие сертификати за патување не смее да значи нарушување на правата и слободите на оние кои немале пристап до вакцина или не можеле да се вакцинираат „од легитимни причини“.

За да се заузда ширењето на вирусот, Европската комисија бара од земјите членки на ЕУ да го зголемат капацитетот за секвенцирање на вирусот на пет отсто од позитивните тестови. За сега освен две земји во ЕУ, стапката на секвенцирање на позитивните тестови е под еден отсто.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ