Силни протести беа организирани вчера низ улиците на стотина градови во Русија, после апсењто на опозиционерот Алексеј Навални од страна на руските безбедносни структури, одма после пристигнувањето во земјата.
Во центарот на Москва се собраа повеќе од 50.000 луѓе во знак на поддршка за упасениот опозициски лидер. На вчерашните протести, кои беа забранети од руските власти медиумите наведуваат дека се уапсени околу 3000 луѓе.
На снимките од вознемирувачко видео се гледа насилното апсење од страна на полицијата.
Disturbing scenes from a police van in Moscow.
“The girl is 16 years old!” one woman shouts.
Video @AvtozakLIVE. pic.twitter.com/5wsql07sfz
— Matthew Luxmoore (@mjluxmoore) January 23, 2021
Меѓу илјадниците уапсените е и Љубов Собољ, блиска соработничка на Навални и член на неговиот адвокатски тим, јавува „Дојче веле“, а на протестот во Москва била спроведена и Сопругата на Алексеј Навални, Јулија Навалнаја.
Десетици новинари исто така се уапсени, иако имале новинарски ознаки, според Њузру.
Протести за поодршка на демонстрантите во Русија се одржаа и во Берлин, Минхен, Прага, Краков, Хелсинки, Хаг, Виена, голем број градови во САД, Тел Авив, Лондон, Токио, како и во Подгорица и Херцег Нови.
Силни реакции од САД за вчерашните случувања во Русија. САД ја осудија употребата на полициска сила врз демонстрантите и новинарите на вчерашните протести низ Русија, соопшти Стејт департментот. Оттаму повикуваат руските власти да ги ослободат сите притворени поради кршење на нивните универзални права, како и моментно ослободување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.
– Постојаните напори за сузбивање на правата на Русите за мирни собири и слобода на говорот, апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални и сузбивањето на протестите, загрижувачки укажуваат на натамошните ограничувања на цивилното општество и основните слободи, се наведува во соопштението од Стејт департментот.
ЕУ побара Навални веднаш да биде ослободен.
Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, изрази жалење поради употребата на прекумерна сила и масовните апсења во Моска и во другите градови на Русија. И претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин побара ослободување на Навални и „целосно и безусловно почитување на неговите права“, изразувајќи „сериозна загриженост“ на ЕУ.
Франција бара воведување на санкции за Русија.
– Апсењето на повеќе од 3.000 луѓе за време на протестот за поддршка на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални го загрози владеењето на правото и повика да се воведат санкции против Русија, истакна Францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дријан.
Тој во денешното интервју за радиото „Франс ентер“ подвлече дека успехот на демонстрациите низ Русија е импресивен.
Алексеј Навални, кој е најистакнат политички противник на рускиот претседател Владимир Путин, беше уапсен на 17 јануари кога се врати од Германија во Москва, каде помина пет месеци закрепнувајќи од, труење со нервни агенси, за што го обвинува Кремљ.
Соработникот на Навални Леонид Волков соопшти дека протестите ќе продолжат и следниот викенд.
Ј. Ѓ.