• Latest

Јовески за случајот „Јавна соба“: Потребни се измени во КЗ, со најавените кривични дела „демнење“ и „сексуално вознемирување“

February 2, 2021

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Јовески за случајот „Јавна соба“: Потребни се измени во КЗ, со најавените кривични дела „демнење“ и „сексуално вознемирување“

February 2, 2021 12:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за „Дојче веле“  во однос на случајот „Јавна соба“ истакна дека се потребни измени и дополнувања на Кривичниот законик, со најавените кривичните дела „демнење“ и „сексуално вознемирување“, за да се следи современиот развој.

„Oд обелоденувањето на случајот минатата година, во ОЈО Скопје оформен е предмет по кој беа издадени насоки и наредби за прибирање на потребните податоци и релевантни докази. Кривичното дело засегнува многу оштетени лица и се јавуваат поголем број на потенцијални сторители. Јавноста треба да знае, дека нашето постапувањето против правни и физички лица во странство е сложен процес, бидејќи е неопходна меѓународна правна помош и меѓународна соработка. „Јавна соба” е профил отворен на платформата Телеграм, со седиште во странска држава. Оттука, немаме законска можност да наредиме, укинеме, забраниме нејзино функционирање, ниту пак да наредиме за гонење на сторителите да ни ги дадат доказите. Според тоа, во вакви случаи преземањето на определени дејствија бара подолг временски период, но и подготвеност за соработка на странските правосудни органи. Истовремено, би сакал да напомнам дека има потреба од измени и дополнување на Кривичниот законик во овој поглед, односно потребно е законодавството да го следи современиот развој, но и развивање на соработката со надлежните странски органи“, вели Јовески.

Според него, со употребата на технологијата, интернет комуникацијата, со глобализацијата, се јавуваат и нов вид на кривични дела кои претходно не сме биле ниту во можност да ги предвидиме и истакна дека ги поддржува предлозите за дополнување на Кривичниот законик со кривичните дела „демнење“и „сексуално вознемирување“.

„Од не помало значење е и јакнењето на јавната свест и големата улога на медиумите. Јавноста треба да биде едуцирана за потребата од заштита на сопствената приватност и приватноста на други лица и штетата која се нанесува на оштетените жртви преку вакви дејствија, објавување  на нивни фотографии во сексуален контекст, особено кога станува збор за малолетни лица. Јавната свест е значајна и за охрабрување на граѓаните навремено да ги пријавуваат ваквите кривични дела, со што се обезбедуваат докази за откривање и казнување на сторителите и за ефикасен кривичен прогон“, додава Јовески.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ