• Latest

Лукаревска: Фирми земале помош од државата, а не исплатиле плати на стотина вработени, следуваат опомени и присилни наплати

February 4, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС

Лукаревска: Фирми земале помош од државата, а не исплатиле плати на стотина вработени, следуваат опомени и присилни наплати

February 4, 2021 16:34
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Злоупотреба на финансиката поддршка од државата за исплата на плати на вработените е направена и за декември. Заклучно со 2 февруари 2021 година 2.306 работодавачи што примиле 1.305 020 денари помош не ја исполниле обврската кон 922 вработени за исплата на плата. Пратени се опомени до компаниите, а доколку не ја исплатат, ќе следи присилна наплата со блокада на паричните средства на нивните сметки и пренос на средствата на сметките на вработените и уплатните сметки на УЈП.

Податоците денеска на прес-конференција ги објави директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска која соопшти дека се уште има компании кои не ја исплатиле платата кон вработените, а ја добиле финансиската поддршка, за месеците април, мај, јуни, октомври и ноември.

За октомври од првичната бројка 179 заклучно со 2 февруари 2021 година 11 компании не ислатиле плата на 34 вработени, а добиле поддршка во износ од 579.639 денари. За ноември од 245 компании првично, бројката е намалена на 24 со исплатена поддршка од 754.452 денари, а кои не дале плата на 50 вработени. За месеците април, мај и јуни, како што истакна директорката на УЈП, по постапка за присилна наплата намален е бројот на работодавачи кои ја должат платата за овие месеци, и заклучно со 2 февурари за 47 компании не исплатиле плата за 102 вработени, за мај 33 компании за 63 вработени и за јуни 54 компании за 145 вработени.

Лукаревска соопшти дека по спроведени активности на УЈП намален е бројот на компании кои примиле помош за октомври и ноември, а кои не исплатиле плата.

Вкупниот број на компании кои се уште не испплатиле плата за еден, два или за сите три месеци е 109 компании, посочи Лукаревска, додавајќи дека за овие работодавачи доставени се детални податоци во јавното обвиниелство за покрнување кривична постапка и кај истите се извршени и контроли во координација со Државниот инспекторат за труд.

Од оние што не исплатиле платата на вработените, а добиле помош, во декември 78 компании се од дејноста трговија на мало кои примиле помош во износ од 2.219.584 денари, а не исплатиле плата на 145 вработени, 44 фирми се од дејноста подготовка на оброци и служење храна кои примиле 2.239.825 денари и не исплатиле плата на 130 вработени, 26 фирми се од градежништвото кои добиле помош од 944.106 денари и не исплатиле плата на 57 вработени.

Меѓу фирмите кои ја злоупотребиле финансиската поддршка се и од транспортната дејност, трговија на големо, трогвија на големо и мало со моторни возила и мотоцикли и услужни дејности.

Лукаревска потенцира дека контроли заедно со ДИТ се спроведени кај сите компании кои имаат злоупотреба на државната помош. Дел се завршени, за дел се чекаат резултати.

-Сите податоци ги доставуваме до основното јавно обвинителство кое треба да го направи епилогот на оваа постапка, рече Лукаревска додавајќи дека и претходно е напоментато дека нема да отстапат од тоа дека секој управител што ја злоупотребил поддршката треба да сноси кривична одговорност.

Директорката соопшти дека за април исплатена е поддршка на 19829 компаии за 128187 вработени во износ од 1.796.790.667 денари, за мај поддршката е дадена на 20,005 за 119149 работни места во износ од 1.672.270.224 денари, во јуни биле поддржани 18176 компании за испата на плата на 101604 лица во износ 1.420.356.089 денари, во октомври помош еле 12676 компании за 61831 вработен во износ од 966.278.983 денари, за ноември 13225 компании за 66103 вработни во износ од 1.030.830.862 денари и за декември 13162 компнии добиле поддршка за 60986 вработени во износ од 961.865.357 денари.

извор МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ