• Latest
EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Од почетокот на вакцинацијата до имунизација на населението ќе биде потребна најмалку една година (видео)

February 13, 2021

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Од почетокот на вакцинацијата до имунизација на населението ќе биде потребна најмалку една година (видео)

February 13, 2021 10:49
in ВЕСТИ, КОВИД-19
EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Share on FacebookShare on Twitter

За да се обезбеди колективен имунитет, односно за да запре ширењето на ковид-19, како што велат во Светската здравствена организација, потребно е околу 70 отсто од населението да се вакцинира. Додека државата ги чека првите дози вакцини, Мета ги праша здравствените експерти, колку време е потребно за да се вакцинира 70 отсто од населението, со што би можеле, условно речено, да „дишеме“ послободно.

Ако се земе предвид дека максимален капацитет на вакцинирање е 2.500 луѓе на ден, како и дека имаме 32.000 здравствени работници (од кои 6.200 се доктори), за сите да се вакцинираат ќе бидат потребни 13 дена, вели проф. д-р Драган Даниловски од Медицинскиот факултет. Според груба пресметка, ако се земе како вистинита проценката дека досега контакт со вирусот имале околу 700.000 луѓе, а според најнова израелска студија, сите тие (дури и ако немаат антитела), сепак, ретко ќе се заразуваат по втор пат, затоа што нив ги штити клеточниот имунитет. Затоа според Даниловски, во оваа фаза, тие нема потреба да се вакцинираат.

„Реалниот број на населението во државата е околу 1.600.000. Ако се одземат 700.000, остануваат 900.000 лица. Имајќи предвид дека британскиот мутант е позаразен и сигурно ќе стане доминантен до крајот на март, прагот на колективниот имунитет, потребен да се сопре епидемиското ширење, треба да биде најмалку 75 проценти (а не 60, колку што требаше со стариот сој). Тоа се 1.200.000 луѓе. Ако се одземат 700.000, остануваат 500.000. Од нив, 22,5 отсто (112.500) се млади под 19 години, кои не подлежат на вакцинирање. Преостануваат 387.500. Со дневна динамика од 2.500 вакцинирани, тие би биле вакцинирани за 155 дена (пет месеци). Ова е пресметка за давање само на првата доза. Се разбира, овој период пропорционално ќе биде подолг, имајќи предвид дека на секој граѓанин треба да му се даде и втора доза. Инаку, на возраст од над 65 години, се околу 290.000 луѓе во државата – вели проф. Даниловски.

Слични се и пресметките на проф. д-р Никола Пановски од Медицинскиот факултет. Седумдесет отсто е 1,4 милиони граѓани, односно толку граѓани во државата е потребно да примат вакцина, за да може да се смени сликата со ковид-19 во земјава.

„Капацитетите се многу поголеми, можат да се прават и по 10.000 вакцинирања дневно. Но, ако под претпоставка утре би ги примиле вакцините, со 5.000 вакцинирања на дневно ниво, од 1 март до 15 септември би се вакцинирале 450.000 лица односно 60 отсто од сите над 40 години. Со темпото од 2.500 дневно, тие 70 отсто би ги достигнале за една година, односно дотогаш би се вакцинирале само здравствените работници, постарите лица од 60 години и хронично болните. Во секој случај, мора да се зголеми динамиката. Во Србија се вакцинираат по 30.000 лица на ден, во Израел 200.000 лица на ден. Нашите сега немаат податок колку вакцини ќе стигнат, но мора да се тежнее кон тоа да е зголемен бројот на вакцинирања на дневно ниво“, вели проф. Пановски.

Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека, во однос на реакциите по вакцинацијата, досега нема публикации кои укажуваат на нешто невообичаено во споредба со останатите вакцини.

„Станува збор за прилично сигурен начин и развој на вакцини. Тоа што засега се знае е дека вакцината штити од инфекција за период од шест до девет месеци“, рече тој.

Министерството за здравство соопшти дека над 25.000 граѓани ја имаат пополнето апликацијата на веб-страницата „vakcinacija.mk“, со што искажале заинтересираност за вакцинација против ковид-19). Процесот на вакцинирање ќе се одвива во три фази по приоритетни групи. Матичниот лекар ќе ги повика и информира граѓаните за точниот датум и часот кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат кога се регистрираат.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    172 shares
    Share 69 Tweet 43
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ