Неколку опозициски портали објавија стара фотографија од поранешниот министер за информатичко општество и администрација од редовите на СДСМ, Дамјан Манчевски, во која се наведува дека градските власти не ги исчитиле улиците од снег и како наводно го повикува Шилегов. Објавата датира од 19 јануари 2017 година, а тоа може да се забележи и на самата фотографија. лажната вест осамна на неколку опозициски медиуми меѓу кои Курир, Нетпрес, Инфомакс и Лидер.




Во друг пост Манчевски напиша: „Не е доволно што веднаш ги избришале објавите. Барам демант и извинување. Инаку се гледаме на суд. Единствено оружје против лажните вести е вистината“.
Дехран Муратов












