• Latest

Косово: Започна гласањето за вонредните парламентарни избори

February 14, 2021
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Косово: Започна гласањето за вонредните парламентарни избори

February 14, 2021 13:00
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Вонредните парламентарни избори во Косово започнаа утрово во седум часот, кога, според извештаите на акредитираните набљудувачи и на медиумите, гласачките места во целата земја се отворија без забележителни доцнења, јави дописникот на МИА од Приштина.

На овие, осми по ред повеќепартиски избори за пратеници во законодавниот дом на Република Косово, учествуваат 28 политички субјекти, од кои 21 политичка партија, две коалиции и пет граѓански иницијативи.

Гласањето се одвива во 888 гласачки центри со 2.382 избирачки места, кои ќе бидат отворени од седум до 19 часот.

За едно од 120-те места во косовскиот Парламент се натпреваруваат вкупно 1.079 кандидати.

Право на глас, според конечниот список на гласачи што го објави ЦИК, имаат 1.794.862 лица, што е за 143.006 помалку во споредба со последниот изборен процес во земјата – вонредните парламентарни избори од 6 октомври 2019 година. Намалувањето на бројот на лица со право на глас се должи пред се на исклучувањето од гласачкиот список на над 122.000 граѓани кои поседуваат единствено лични документи издадени од УНМИК, како и на бришењето од пензискиот систем на 11.086 лица кои во меѓувреме починале.

За следење на изборниот процес, кампањата на учесниците на изборите и на самиот ден на гласање, се акредитирани околу 30.000 набљудувачи. Во оваа бројка влегуваат набљудувачите од редовите на учесниците на изборите во гласачките комисии, претставници на домашни и меѓународни невладини организации, меѓународни организации и институции, претставници на 18 амбасади во Приштина и медиумите. 

Првпат изборите во Косово нема да ги следи Организцијата за бебедност и соработка во Европа – ОБСЕ.

Изборната кампања траеше вкупно 10 дена, започна на 3 февруари и заврши на полноќ меѓу 12 и 13 февруари, кога стапи на сила изборниот молк, кој трае до затворањето на гласачките места, денеска во 19 часот.

Оценка на медиумите и набљудувачите е дека кампањата помина мирно и без инциденти, со одредени прекршувања на изборниот кодекс, како што е употребата на деца во кампањата, притисоци врз гласачите да гласаат за одредени субјекти, истакнување изборни плакати на јавни места, обиди за „продавање“ гласови и слично.

Најмногу забелешки, а и парични казни за политичките партии, имаше поради непочитување на Законот за превенција и борба против епидемијата на Ковид-19 на предизборните митинзи.

Овие вонредни парламентарни избори во Косово се одржуваат откако во ноември минатата годинава Уставниот суд го оспори легитимитетот на Владата на Авдулах Хоти, затоа што за нејзиниот избор гласал еден пратеник кој немал право да биде член на законодавниот дом поради правосилна казна со затвор во последните три години. Гласот на спорниот пратеник, кој беше од партиите на помалите етнички заедници, беше 61-от глас за кабинетот на Хоти, а со неговото поништување се изгуби и мнозинството за изгласување на Владата. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ