• Latest
арх. Даница Павловска Циги

Езерото Треска…

February 18, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Езерото Треска…

February 18, 2021 09:44
in ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
арх. Даница Павловска Циги

арх. Даница Павловска Циги

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: арх. ДАНИЦА ПАВЛОВСКА-ЦИГИ

Сѐ уште го живееме моментот на можната и посакуваната промена на општествените односи, формации и системи, во кои некаде длабоко веруваме.

Да се обидеме да фрлиме објективен поглед на некои важни аспекти на феномените што самите ги произведуваме, што си ги живееме најчесто како последица на нашата неспособност, несоодветно делување и неодговорност. Тоа се обично напластени тежини на нашата живеачка па донесувачите на одлуките,  политичарите, за нивно олеснување  најчесто имаат мака. Од нив се очекува  да имаат посветеност, искрена чесност, висока политичка култура и стручни тимови/советници за одбир на приоритетите за општо добро.  Се работи за „зелените“ вредносни ориентации во актуелните политики како егзистенцијална потреба и неминовност за оправање на наследените лоши состојби. Практикување на нова „зелена“ филозофија во сите сфери на делување и во сите сектори на управување, е и разумно, и логично и трендовски.

Езерото „Треска“ во Општина Сарај, Скопје каде е прогласена слободна туристичка зона (како велат новинарите, а не може да се направи увид во таа одлука) стана тема на нашата реалност која е замаглена и оптеретена со перманентна узурпација на зелените простори перцепирани како слободни. Законски предвидената процедура веројатно била испочитувана и помината, но етичкиот момент во нашето однесување изостана. Многу е битно што езерото е градено од самопридонес, а тоа значи негување на човечкото на колективно ниво.

Едноставно, концептот солидарност е најхуманата димензија на политиката, така што е очекувано и минимално цивилизирано да се покаже (макар) почит кон така создадената вредност (ма колку да е девастирана). Тоа не треба да е предвидено во законите, регулативата, процедурите, тоа треба да е код на однесување на култивираните политичари и менаџерите на просторот (на државно, регионално и локално ниво). Транспарентноста во третманот на ваквите локалитети не смее да се запостави затоа што може само да е од корист, така што тој пропуст на (добронамерен) процесот многу штети. Уредувањето на делот со приколките се доживеаја како атак и веднаш се обои „етнички“ , па патот поплочен со добри намери доведе до конфликт. Незнаење, некадарност, површност, неинформираност.

Сопственичкиот статус и останатите правни аспекти сè уште една непознаница што бара утврдување и разоткривање, па е неблагодарно воопшто јавно да се настапува. Но, пожелно е да не го баталиме прашањето и да подготвиме и покренеме (институции, граѓани, стручната фела…) широка дебата околу програмската содржина на планот за (и околу) Езерото „Треска“ . Треба да дојдеме до дефинирање на можностите, барањата, потребите и конечно да го уредиме тој простор како дел од живеењето на градот Скопје, неговите вложувања, неговиот капитал, неговата меморија, силниот сентимент.

Некои од планерите би препорачале во овој период на веќе отпочнат нов Генерален урбанистички план (ГУП) на Скопје – визија за идниот просторен развој на градот,  да се предложи, разгледа и резервира токму овој простор за ширење на градот. Со оглед на урбанистичките параметри, погодноста како тангентен простор и „зелениот“ потенцијал како премиса, тоа може да е интенцијата. При тоа изготвувачот – тимот на Агенцијата за планирање на просторот со својата методолошка конзистентност и сета своја стручна поткованост  ќе застане зад содржините, функциите и димензиите на  новите „зелени“ концепти  на ГУП-от.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторката.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ