• Latest

Савада за МИА: Северна Македонија е стабилна земја, посветени сме да стане членка на ЕУ

February 21, 2021

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Савада за МИА: Северна Македонија е стабилна земја, посветени сме да стане членка на ЕУ

February 21, 2021 11:52
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Немам сомнеж во стабилноста на Северна Македонија и сум голем оптимист во однос на процесот на проширување на Европската Унија. Јапонија е силно посветена на поддршката за Северна Македонија да стане членка на ЕУ. Иницијативата за соработка со земјите од Западен Балкан ја демонстрира таа посветеност.

Ова го потенцира новиот јапонскиот амбасадор во земјава, Хиронори Савада во екслузивното интервју за МИА, одговарајќи на прашањето дали Јапонија гледа стабилност во Северна Македонија, во смисол на инвестирање во земјава.

Амбасадорот Савада нагласи дека во таа насока е воспоставена и Иницијативата за соработка со Западен Балкан, која најпрво промовира билатерални дијалози на високо ниво и политичка консултација, потоа поддршка за земјите на Западен Балкан преку економска соработка, охрабрување и поддршка на јапонските приватни компании да инвестираат и за поголема трговија за одржлив развој во регионот. Иницијативата предвидува и споделување на јапонските искуства и знаење со земјите на Западен Балкан во врска со развој на човечки ресурси и подобрување на капацитетите, како и  промовирање меѓусебно разбирање преку култура, спорт и студиска размена.

-Со цел да го реализираме овие концепти, ја отворивме Амбасадата во Северна Македонија. Сакам повеќе да промовирам политички дијалог и билатерални консултации за да ги дефинираме приоритетите и да го зајакнеме нашето стратешко партнерство. Се надевам дека може да се остварат наскоро, штом заврши пандемијата со Ковид-19 и тоа годинава, нагласи Савада во интервјуто за МИА.

Јапонија во ист ден со Северна Македонија ја почна вакцинацијата против Ковид-19. Со новиот јапонски амбасадор, кој на должност стапи во ноември минатата година, разговаравме и на оваа тема. Тој посочи дека над четири милиони здравствени работници во Јапонија се во првата приоритетна група, потоа следуваат 36 милиони луѓе кои имаат повеќе од 65 години. Следни за вакцинација се хронично болните, возрасната група од 60 до 64 години, а потоа и сите други јапонски граѓани. Јапонската Владата, нагласи Савада, очекува дека сите граѓани ќе бидат вакцинирани до крајот на годината.

Савада истакна дека Јапонија е одлучна да ги организира Олимпијадата и Параолимпијадата ова лето, со што, како што потенцира ќе му покаже на светот дека Ковид-19 е победен.

-Спортистите од Северна Македонија се добредојдени на Олимпијадата во Јапонија. Во пресрет на игрите, соработката меѓу Северна Македонија и градот Чигасаки во префектурата Канагава во Јапонија (домаќинот на Северна Македонија) е воспоставена и се развива, истакна јапонскиот амбасадор во интервјуто за МИА.

 

Целото интервју со јапонскиот амбасадор Хиронори Савада можете да го проследите тука.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ