Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања и за координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денес ја посетија компанија „ТАБМАК” во Пробиштип, која редовно инвестира во развој и унапредување на технологиите на годишно ниво.
Премиерот потсети дека во 2019 година се поддржани 140 компании со 115 милиони евра, додека со петтиот пакет економски мерки на Владата, за поддршка на компаниите ќе се одвојат 160 милиони евра. Се формира и фонд за поддршка на извозно ориентираните компании со почетни 10 милиони евра, соопшти Заев.